Македонија
Заев најави можност за одложување на изборите ако не се донесат суштински закони
Премиерот Зоран Заев најави дека е можно одложување на изборите доколку во Собранието не бидат донесени суштински закони.
„Суштинските закони, ако предизвикаат кочење на пензиите, на социјалните трансфери, на покачувањето на платите, го блокираат сето она што значи живот за граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат. Ова не го испраќаме како закана заради тоа што одговорноста на секој пратеник, без разлика дали е од власта или опозицијата, е исто така одговорност и на Владата и на локалните самоуправи и сите што земаме плата од граѓаните. Секојдневно следам што се случува во парламентот и ако перфидноста на користењето на филибастерингот – дали станува збор за избрното законодавство, дали е за пензиите, ги кажувам како примери кои се многу значајни бидејќи тоа може да значи пролонгирање на процесите. Јас тоа не го посакувам, сто пати сум кажувал дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено граѓанска должност е, но секако и политичка, да не дозволиме било што да го закочи интересот за реализација на граѓаните“, рече Заев.
Премиерот изрази верување дека овие денови ќе може низ дебата и низ парламентарна процедура да се донесат самите одлуки бидејќи, како што вели, ниту парламентот ќе се распушти ниту ќе гласаат пратениците на незавршени закони.
„Ќе дојде 12 февруари и одредени закони, кои се важни за граѓаните, нема да бидат завршени и имаат свој импакт и во март, април, мај и во септември. Не ја гледам логиката зошто да се гласа за распуштање на парламентот“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

