Регион
Илјадници Романци протестираа против владата
Неколку илјади луѓе протестираа во саботата во повеќе градови низ Романија против владата којашто ја обвинуваат дека се обидела да го „попречи“ гласањето на Романците во странство во првиот круг од претседателските избори кои се одржаа минатата седмица во кој победи актуелниот премиер Виктор Понта.
Според многуте искази, илјадници Романци не можеле да гласаат на 2-ри ноември поради недоволниот број избирачки места отворени во западните земји, како Франција, Германија и Велика Британија.„Сакаме слободни избори“ и „Понта, не заборавај, младите не се со тебе“, извикувале демонстрантите во Клуј, каде што според процените на полицијата имало речиси седум илјади демонстранти.Околу 1.500 луѓе во центарот на Темишвар бараа оставка на премиерот Виктор Понта. Во овој град инаку во декември 1989 година избувна антикомунистичкиот бунт кој заврши со падот на диктаторот Николае Чеушеску и негова ликвидација заедно со омразената во народот негова сопруга Елена.„Денеска во Темишвар, утре во целата земја“, извикувале демонстрантите, што локалните медиуми ги потсети на протестите против комунистите пред 25 години.По неколку стотици демонстранти се собрале и во главниот град Букурешт, како и во Ореадеи и Констанца.„Излеговме на улиците за да се увериме дека сето она што се случуваше во неделата нема да се повторни на 16-ти ноември (кога се одржува вториот изборен круг). Ова е израз на солидарност со Романците во дијаспората“, изјавил за AFP младиот демонстрант во Букурешт, Александру Алексе.Претседателот на заминување Трајан Басеску, од десниот центар, го повика во саботата министерот за надворешни работи Титус Корлатеану да поднесе оставка поради „дезинформирањето“. Корлатеану, имено, најавувајќи подобра организација на гласањето во вториот круг во странство, во прв ред со зголемување на гласачките кабини, изјави дека министерството не може да отвори повеќе избирачки места, бидејќи тоа не го дозволувал законот, што го демантираше Централната изборна комисија.Понта победи во првиот круг од претседателските избори со 40,44 отсто од гласовите, а кандидатот на десницата, Клаус Иоханис доби 30,37 проценти. Меѓутоа, Иоханис доби 46 отсто гласови од романските избирачи во дијаспората, за која главно се смета дека е ориентирана кон десницата, додека Понта освои 18 отсто.Претседателските избори се сметаат за важни во оваа поранешна комунистичка земја, сега членка на НАТО и втората најсиромашна земја во Европската унија, каде што постои страв дека доколку победи Виктор Понта, сегашната политичка владејачка гарнитура ќе ја преземе и контролата на правосудството./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

