Македонија
Пендаровски во работна посета на Агенцијата за разузнавање
Претседателот Стево Пендаровски оствари работна посета на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија.За време на посетата, претседателот Пендаровски беше информиран за тековните и предвидените активности во надлежност на Агенцијата, насочени за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации коишто се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на земјава.
„Претседателот беше запознаен со придонесот на Агенцијата за разузнавање во исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија – членството во НАТО и ЕУ, со акцент на меѓународната соработка на Агенцијата со партнерските служби. На средбата со раководството беше разговарано и за меѓуинституционалната соработка како важен дел за координацијата на активностите на институциите со сродна дејност со Агенцијата за разузнавање. Пендаровски беше информиран и за активностите на Агенцијата за внатрешни реформирање и донесување нов закон, со цел градење модерна и ефикасна разузнавачка служба, согласно препораките, критериумите и поддршката на НАТО“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК за одзивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите
До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %. Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.
„Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.
Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %“, информира комисијата.
Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година, на овие избори има зголемување на излезеноста од 5.66 % .
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1- 42.31 %; Изборна единица 2-36.69 %; Изборна единица 3- 41.02 %; Изборна единица 4-36.88 %; Изборна единица 5- 35.95 % ; Изборна Единица 6-29.14 % .
До овој момент до ДИК биле доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право.
„Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик“, појаснуват од ДИК.
Македонија
Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК
Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач, потенцираа од Државната изборна комисија.
Според комисијата на секој гласач тие треба да му ја објаснат процедурата на гласање.
Гласачот, како што прецизираа од ДИК, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас.
„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик, секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК појаснувајќи дека од терен добиле информации дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконските акти на Комисијата.
Потсети дека комисијата на вчерашна седница на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.
„Од самото упатство, кое исто така, се наоѓа и во самите избирачки места се гледа начинот на кој гласачот треба да гласа, а исто така во тоа упатство е наведено и како гласачот и избирачкиот одбор треба да се однесува“, дополни Шеху.
Откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потпишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормално гласа сам зад параван, појасни.
„Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот“, рече таа.
Ова, како што рече, се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои било реагирано.
Македонија
ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарните 312.070 граѓани
До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158, односно 23,95 %.
Најголем одѕив во моментот за претседателските избори има во Крива Паланка – 46,44 %. Најмал одѕив за претседателските избори има во Липково – 3,28 %.
Во споредба со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на одѕивот од 3,49 % на овие избори, А во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2024 имаме намалување од 0,7 %.
До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070, односно 25,84 %.
Најголем одѕив во моментот за парламентарните избори има во Кривогаштани – 48,65 %. Најмал одѕив за парламентарните избори има во Маврово и Ростуше – 11,91 %.
Во споредба со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на одѕивот од 2,03 % на овие избори.
Одѕивот по изборни единици за парламентарните избори е следен:
Изборна единица 1 – 31,18 %
Изборна единица 2 – 23,91 %
Изборна единица 3 – 29,18 %
Изборна единица 4 – 26,40 %
Изборна единица 5 – 25,04 %
Изборна единица 6 – 16,71 %
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Другите приговори се во обработка.
Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.
Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани може да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Исто така, активна е и видеолинијата на бројот 076 488 360, преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе може во текот на изборниот ден преку видеоповик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.