Спорт
Златан многу блиску до Милан откако му ги сменија условите за договорот
Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до враќање во Милан, откако италијанските медиуми тврдат дека клубот се согласил да ги смени условите во неговиот договор со кои тој ќе заработува повеќе пари според сопствените перформанси, а не според тоа дали Милан ќе игра во Европа.
Шведскиот ветеран е слободен агент по крајот на договорот со Лос Анџелес галакси, но минатата недела се тврдеше дека Милан ги загубил шансите за договор со условите кои ги поставиле од клубот. Сега, „Ла газета дело спорт“ и „Кориере дело спорт“ тврдат дека договорот ќе биде на шест месеци со можност за автоматско продолжување на уште една сезона.
За разлика од претходниот договор, кој ја поврзуваше платата со евентуалното квалификување во Лигата на шампионите и Лига Европа, со новиот договор, Златан ќе добива плата во однос на своите перформанси и постигнати голови.
Од Милан очекуваат договорот да биде склучен во следните неколку дена за тој да биде на тренингот во Миланело веќе на 30 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Компани детектирал три големи проблеми, неговиот Баерн ќе игра агресивно и храбро
Новиот тренер на Баерн Минхен, Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите играчи ќе бара апсолутна агресија и храброст. Компани во средата беше именуван за нов тренер на Баерн, дојде на местото на Томас Тухел, кој замина по заедничка согласност по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј.
Ден по потпишувањето на договорот, Компани пред новинарите ја претстави својата визија како треба да изгледа Баерн .
„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топката, да покажат карактер. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи“, рече Компани на прес-конференција во четвртокот.
Компани ја започна својата тренерска кариера во Андерлехт, а во последните две сезони раководеше со Барнли. Со тимот избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати во Чемпионшип.
Белгиецот имаше договор со Барнли до 2028 година, па Баерн мораше да му плати обештетување на англискиот клуб. Според проценките на англиските и германските медиуми, висината на обештетувањето е меѓу 10 и 12 милиони евра.
„Јас пораснав на улиците на Брисел, бев во академијата на Андерлехт каде од шест до 20 години треба да освоиш сè“, истакна Копмапни.
Компани има репутација на интелигентен, детален и остроумен човек, раскажа Георг Холцнер, новинар на Кикер.
Тој пишува: „За време на кратките преговори со Макс Еберл, членот на одборот задолжен за спорт и спортскиот директор Кристоф Фројнд, Компани со експресна анализа дојде до истиот заклучок како Томас Тухел кога го презеде тимот пред една година и Ралф. Рангник кога пред еден месец преговараше со челниците на Баерн.
Компани откри и спомна дека Баерн има три големи проблеми: Има премногу играчи во тимот кои не се на нивото на Баерн. Недостасува лидер. Потребна е нова кичма на тимот. Овие три главни проблеми мора да ги поправат Компани и Еберл. Баерн сака да ја заврши работата на пазарот и да го комплетира составот за следната сезона најдоцна до крајот на Европското првенство, односно до средината на јули“.
Спорт
Осуммина ќе го напуштат Тотенхем
Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу планира големи промени во летниот преоден рок.
Англиските медиуми објавија дека на трансфер листата се Пјер-Емил Хејбјерг, Џовани Ло Селсо и Брајан Хил, додека во тимот нема да има место и за фудбалерите кои минатат сезона беа позајмени во други клубови: Џо Родон, Џед Спенс, Серхио Регилон, Танџи Ендомбеле и Тангага.
Исто така, се верува дека во случај на вистинска понуда, клубот ќе го продаде и дефанзивецот Емерсон Ројал, за кого наводно е заинтресиран Милан.
Постекоглу во неколку наврати, особено на крајот од сезоната, повтори дека на Тотенхем му недостасуваат амбиции и менталитет да освојува трофеи.
Тоа најмногу го потврди фактот што пред последното коло многу навивачи посакуваа пораз од Манчестр сити, за нивниот најголем ривал Арсенал да не стане шампион.
Тотенхем наредната сезона ќе ќе игра во Лига Европа.
Спорт
Во Росарио нови закани до Ди Марија и неговото семејство
Нови морничави закани доби славниот Аргентинец Анхел Ди Марија. Ветеранот е слободен играч откако му заврши договорот со Бенфика, имаше желба да се врати дома во Росарио, но како штосега стојат работите тој ќе му се приклучи на својот добар пријател Лионел Меси во Интер Мајами.
Одлуката на Анхел Ди Марија каде ќе ја продолжи кариерата прави проблеми во Аргентина. Нова епизода на закани се случи пред неколку часа на улиците на Росарио.
Според локален новинар, двајца мажи со качулка се возеле на мотор и пукале кон бензинската пумпа. На местото на инцидентот е пронајдена порака упатена до Ди Марија. „Те чекаме, Ди Марија, луѓе од Росарио“.
Претходно на вратата од неговата семејна куќа била оставена порака на која пишувало „Кажете му на вашиот син Анхел дека ќе загуби член на семејството соколку се врати во Росарио“.
Покрај тоа, во центарот на градот беше уништен неговиот мурал.
Поради сето ова, во приказната се приклучија и аргентинските политичари, со молба до хулиганите да престанат да со заканите.
Семејството Ди Марија е ставено под полициска заштита за да се спречи ризикот од дополнителни инциденти.