Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта забошотува кои други функционери биле вклучени во „Рекет“
Кој од Владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за кои се чини не смее никој да одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, власта се обидува да забошоти кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет“.
„Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава, каде што владеат рекетарите и криминалците. Никој не сака да живее во држава каде што нема никаква сигурност, а правдата е недостижна.
Русковска одби да затропа на вратата на „Илинденска“ иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити функционерите на власт, ја затвори истрагата. Пет месеци поминаа, а јавноста сè уште се прашува каде се торбата „луј витон“ и службената белешка, која требаше да ја приложи Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата порачуваат дека премиерот Зоран Заев не треба да бега од избори, туку треба да се соочи со одговорност пред граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

