Спорт
Матиќ во дилема, Атлетико или Интер
Атлетико Мадрид и Интер ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да ги обезбедат услугите на српскиот репрезентативец Немања Матиќ, тврди „Тајмс“.
Матиќ оваа сезона речиси и да не доби шанса во Манчестер јунајтед кога се во прашање натпреварите во Премиер лигата. Менаџерот Оле Гунар Солскјер го користеше во мечевите во Лига Европа, односно Лига и ФА-купот.
Атлетико Мадрид смета дека тој со своето искуство би бил идеално засилување за нив. Голема предност на Матиќ е што може да биде регистриран за натпреварите во Лигата на шампионите.
Покрај Атлетико, Србинот во своите редови го посакува и тренерот на Интер, Антонио Конте. Матиќ и Конте во минатото соработуваа во Челси.
Интер има добра соработка со Манчестер јунајтед поради што се надеваат дека ќе успеат да го реализираат трансферот.
Минатото лето од Јунајтед на „Џузепе Меаца“ се преселија Ромалу Лукаку и Алексис Санчез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јасикевичиус го сака Димитријевиќ во Фенербахче
Актуелниот МВП во ВТБ лигата, македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, од наредната сезона веројатно ќе игра во Евролигата.
Кошаркарот на Уникс, со просек од 19 поени по меч, 6,6 асистенции, 3,3 скока и 1,3 украдени топки го обележа регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.
Според информациите на турските медиуми, Димитријевиќ е на мета Фенербахче. Тренерот Шарунас Јасикевичиус изразил желба да го види Димитријевиќ во својот тим. .
Фенербахче ќе направи реконструкција на плејмејкерската позиција, извесно е дека тимот ќе го напуштат Гркот Ник Калатес и Израелецот Јам Мадар.
Спорт
МЗТ загуби од Спартак Суботица
Фото/ Петр Стојановски/ АБА2
Кошаркарите на МЗТ го загубија првиот полуфинален натпревар во АБА 2 лигата. Вечерва во Скопје, МЗТ доживеа пораз од Спартак 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).
Лошата игра во првиот дел во кој му дозволија на гостинот апсолутна доминација во скокот го однесе МЗТ во пораз. Спартак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, преку скокот ја контролираше играта. Одличната секвенца на Војдан Стојановски во финишот на полувремето го доближи МЗТ на само четири поени негатива.
Американецот Гилион одлично го започна вториот дел, со седум поени во низа го врати МЗТ во водство. Се одлепи МЗТ на пет поени (55:50) во финишот на третиот период и тука застана.
Спартак предводен од Гордиќ стекна предност од 10 поени, предност која МЗТ успеа да ја преполови.
Војдан Стојановски со 20 поени, по три скока и асистенции и шест украдени топки го предводеше МЗТ. Двоцифрени беа и Делалиќ со 13, Танасковиќ со 12 и Гилион со 11 поени. Кај Спартак се истакна Гордиќ со 16 поени и шест асистенции.
Реваншот се игра за една недела во Суботица.
Спорт
Катастрофа за Милвоки се повреди и Лилард
Кошаркарот на Милвоки, Демијан Лилард заработил повреда на Ахиловата тетива, објавија сите НБА инсајдери.
Лилард играл последните недели и покрај проблемите со Ахиловата тетива, и ја влоши состојбата во последниот дел од третиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Индијана.
Плејмејкерот на Милвоки мора да носи ортопедска чизма и под знак прашалник е за четвртиот меч (понеделник, 01.00 часот) во серијата во која Пејсерси водат со 2:1.
Бакс веќе играат без Јанис Адетокумбо, кој ќе ја пропушти првата рунда, а неговата сезона многу лесно може да заврши доколку Милвоки биде елиминиран.
Во првите три натпревари во плејофот, Лилард имаше просек од 32,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.