Македонија
Адвокат на бизнисмен тврди дека Боки 13 побарал 2 милиона за да нема истраги против неговиот клиент
Сведокот во „Рекет“, Сашко Бошков, кој е адвокат на двајцата бизнисмени Зоранчо Митровски и Томче Главчев, кои исто така се сведоци во случајот, рече дека имал две средби со Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во 2018 година.
На втората средба Бојан Јовановски му понудил на Бошков да нема предмети против Митровски во СЈО доколку плати 2 милиона.
„На втората средба со Бојан Јовановски, која се однесуваше на медиумска поддршка, бев со кошаркарот Владо Илиевски, кој, кога ми се јави, ми рече дека му се јавил Боки и дека треба да одиме кај него во ‘1ТВ’. Кога стигнавме, Боки ми рече: ‘Ти си близок со Зоран Митровски’, јас реков: ‘Да, тој ми е кум’, тогаш тој ми рече: ‘Тој има предмети во СЈО, освен Поштенска банка, има и други предмети’, а јас не знаев за тоа. Боки се јави некаде, зборуваше на телефон, се слушаше женски глас. Тогаш Боки ми рече: ‘Може и да нема предмети. Може да се заврши, треба да се платат 2 милиона’. По средбата, кога ме испраќаше, слезе Боки во ходникот, викна: ‘Лазе’, по што дојде едно русокосо момче, се поздрави, се претстави“, сведочеше адвокатот Сашко Бошков.
Бизнисменот Митровски е сведок во „Рекет“, а истовремено е осомничен во истрагата Поштенска банка. Адвокатот Бошков рече дека случајот е пријавен, но не кажа во која институција.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, а беше и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец.
Истрагата почна кога Јордан Камчев, осомничен од СЈО во случајот „Империја“, пријавил дека Јовановски и Милески му барале рекет – разни суми за разни услуги, со кои Јанева требало да ја олесни неговата положба во предметот за кој е осомничен.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина по што беше осуден на три години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

