Црна хроника
Приведени три лица за кражба на 50 предмети од бензинска пумпа во Куманово

Полицијата приведе три лица за кражба на над 50 предмети од бензинска пумпа во Куманово. Како што информира МВР, на 22.12.2019, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Е. Ј. (38) од Крива Паланка поради тоа што заедно со уште две лица извршил кражба на над 50 предмети од бензинска пумпа во Куманово.
Тој и двете лица искористиле можност кога на бензинската пумпа имало повеќе луѓе и во неколку наврати ги одзеле предметите и ги ставиле во патничкото возило „сузуки гранд витара“ со бугарски национални ознаки, кое било паркирано пред пумпата. Тие биле забележани од вработените по што била повикана полиција и агенција за обезбедување. Е. Ј. бил лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени предметите. По приведувањето во СВР Куманово, Е. Ј. почнал да се однесува агресивно и физички нападнал еден полициски службеник.
По преземените мерки, во врска со настанот биле приведени и Д. М. (33) и С. С. (36) од Крива Паланка. По целосно документирање на случајот, против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело кражба, а против Е. Ј. ќе биде поднесена и кривична пријава поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.