Црна хроника
Во Ниш уапсен газда Нини
Поранешниот генерален директор на фабриката за производство на лекови „Југоремедија“, Јовица Стефановиќ Нини, кој е сопственик на радовишката фирма „Јака 80“ и нишката фирма „МД Нини“ уапсен е во среда изутрина во Ниш, јавуваат српските медиуми.
Тој се сомничи дека со злоупотреба на службената положба на штета на „Југоремедија“ од Зрењанин, прибавил корист од околу 7,5 милиони евра и ја оштетил државата.
Стефановиќ преку фирмата „МД Нини“ во 2002 година на јавна аукција од Агенцијата за приватизација купил 42 отсто од акциите на фабриката од Зрењанин, кои биле во државна сопственост.
Наредната година „Јака 80“ наместо да изврши докапитализација на „Југоремедија“ извршила конверзија на долгот со акции.
Тие побарувања, како што се сомневаат извори блиски на истрагата, се создадени на основа на набавки на суровини за изработка на лекови, кои „Југоремедија“ ги набавувала од „Јака 80“, и на тој начин Стефановиќ станал мнозински сопственик на фабриката за лекови, наведува РТС.
Иако во 2006 година, судот ја поништи докапитализацијата, се до март наредната година Стефановиќ управуваше со „Југоремедија“.
Стефановиќ кој е познат по аферата за приватизација на „Срболек“ од 2005 година, поради сомнеж дека ја оштетил таа фармацевтска компанија за повеќе од пет милиони евра уапсен е во 2010 година, но набрзо бил пуштен.
Освен Стефановиќ приведени се и поранешниот директор за организациони, економски и правни прашања на фабриката за производство на лекови „Југоремедија“, Златко Марковиќ и директорката на „Нини“ Олга Антиќ.
Газда Нини во Македонија освен „Јака 80“ ги поседуваше и Радобанка и Македонска банка кои се веќе ликвидирани.
Потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во наредната недела ќе се разоткриваат и други предмети поврзани со „Југоремедија.
Потсетувајќи дека „Југоремедија“ е една од спорните приватизации, Вучиќ на новинарите во парламентот им рече дека државата се однесува одговорно и дека секој ден, работи тешка работа, кога е во прашање борбата против корупцијата.
Тој додаде дека поради тоа се изложени на судот на јавноста, а дека луѓето кои се бават со тоа се изложени на разни други притисоци и опасности.
„Државата ја работи својата работа. Во оваа земја ќе се почитуваат законите без оглед кој е на власт“ порача Вучиќ.
Приватизацијата на „Југоремедија“ и „Срболек“ се едни од 24-те спорни приватизации со кои во последните месеци се занимава новоформираната работна група на Управата на криминалистичката полиција. /крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

