Македонија
(Видео) Шкариќ: Со поддршка од 65 пратеници, нема пречка да бидат донесени измени во Изборниот законик
Професорот по Уставно право Светомир Шкариќ на дебатата за двата закона за измена на изборниот законик и изборни листи порача дека со поддршка од 65 пратеници не постои пречка овие закони да бидат донесени на легален и легитимен начин.
„Не гледам пречка и кој може да ве запре да ги донесете овие измени доколку имате поддршка од 65 пратеници. За легален, донесен закон се смета со 61 глас, а вие имате повеќе од доволно. Единствен проблем на којшто ќе наидете е веројатноста претседателот на Собранието да не го потпише законот, но, за среќа, тука е претседателот на државата кој со указ ќе го потпише и тој ќе стане полноважечки. Законот нема да може да биде оспрен ниту пред Уставниот суд бидејќи има 61 глас, во случајот 65, и со тоа е обезбедена целосна уставност“, рече Шкариќ обраќајќи се пред пратениците иницијатори на овие закони.
Воедно на иницијаторите им порача дека треба да размислат и за промена на изборниот модел, при што како најдобар го предложи Харовиот модел.
„Харовиот модел предвидува отворени и подвижни листи. Сега ние имаме мртви, партиски листи. На тој начин во иднина ќе се подигне стручното ниво на пратениците, така што нема да имаме само еден независен стручен пратеник, туку ќе се отвори простор за многу повеќе“, рече Шкариќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

