Спорт
Ибрахимовиќ со контроверзна честитка за Божик

Секогаш непредвидливиот Швеѓанец, Златан Ибрахимовиќ го честиташе Божик преку социјалните мрежи на свој оригинален, сепак контроверзен начин.
Сите кои го познаваат шведскиот фудбалски ас знаат дека лавот е негов заштитен знак и личен симбол на моќ. Сепак фотографијата со легнат лав со испружен среден прст наиде на позитивни, но и на негативни коментари на социјалните мрежи.
За помалку од 24 часа под неговиот твит стигнаа околу 3.000 коментари, а имаше и над 250.000 допаѓања.
Merry Christmaz pic.twitter.com/j0mckXzOJ8
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) December 24, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Астон Вила испрати понуда за Марко Асенсио

Астон Вила ќе му понуди 20 милиони евра обештетување на ПСЖ за играчот од средниот ред Марко Асенсио (29), кој пролетниот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Бирмингем.
Британските медиуми тврдат дека шпанскиот репрезентативец веќе се договорил за тригодишен договор со Астон Вила, а сега чекаат одговор од ПСЖ на понуденото обештетување. Неговиот договор со францускиот клуб истекува во јуни следната година.
Тренерот на европскиот шампион од 1982 година, Унаи Емери, е голем обожавател на Асенсио и верува дека шпанскиот играч од средниот ред внесува разновидност во нападот на Вила.
Во пролетниот дел од минатата сезона, Асенсио постигна осум гола и една асистенција во дресот на Астон Вила. Тој ја започна својата кариера во Мајорка, а како 19-годишник се пресели во Реал Мадрид.
„Кралевите“ прво го испратија на позајмица во Еспањол, а во летото 2016 година се врати во Реал, за кој одигра 286 натпревари, запишува 61 гол и 32 асистенции. По седум години во Реал, тој се пресели во ПСЖ како слободен агент во летото 2023 година.
Сепак, имаше скромна минутажа во европскиот шампион, па пролетниот дел од минатата сезона го помина како позајмен во клубот од „Вила Парк“. Тој одигра 38 натпревари за шпанската репрезентација и постигна два гола.
Спорт
Реал денес го претставува аргентинското чудо од дете

Реал Мадрид потврди дека Франко Мастантуоно денес ќе биде претставен како нивен нов играч. 17-годишникот официјално стана нов член на Реал Мадрид ова лето, а вкупниот износ на целиот трансфер, како што тврди Ривер Плата, се искачи на 63,2 милиони евра, што ја прави оваа продажба најскапиот излезен трансфер во историјата на аргентинскиот фудбал.
Реал ја плати откупната клаузула во износ од 45 милиони евра, а преостанатиот дел од износот е распределен на следниов начин:
– 11,8 милиони евра одат за данок на шпанските власти
– 1,4 милиони евра одат во здружението на професионални фудбалери
– 900 илјади евра одат во структурните фондови на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА)
– 3,6 милиони евра се однесуваат на придонесот според владината уредба 510/2023
– 500 илјади евра се однесуваат на други административни трошоци
Мастантуоно веќе остави силен впечаток на теренот и многумина го сметаат за најперспективниот аргентински фудбалер во моментов. Тој е стандарден член на првиот тим на Ривер Плата и може да игра како десно крило и како офанзивен играч од средниот ред.
Неговата игра често започнува на крилото, од каде што влегува кон средината за да ја користи својата исклучително прецизна лева нога. Дополнително, тој не се двоуми да се спушти подлабоко во средниот ред за да помогне во градењето на играта.
Една од неговите најистакнати доблести е неговиот шут од далечина. Пред нешто помалку од два месеци, тој постигна спектакуларен гол од слободен удар во Суперкласико против Бока Јуниорс. Со тој гол, тој стана најмладиот стрелец во историјата на најголемото аргентинско дерби.
Foto/ EPA
Спорт
„Тотенхем заслужи да победи, фудбалот понекогаш не е фер“

Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на УЕФА. Во драматичен натпревар, ПСЖ ја стигна предноста на Тотенхем од 0:2 со головите на Ли во 85. и Рамош во 94.минута, а потоа во пенал серијата дојде до пехарот.Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по натпреварот изјави:
„Дали мислите дека заслуживме? Мислам дека Тотенхем заслужи да победи. Не ја заслуживме победата во првите осумдесет минути. Мислам дека Тотенхем заслужи да победи затоа што се чувствуваше како да се во форма и дека се во тренинг веќе шест недели. Одиграа одличен натпревар. Ние тренираме само шест дена, морам да кажам дека имавме голема среќа. Моите играчи веруваа до последната минута.
Понекогаш фудбалот е нефер и морам да кажам дека во последните десет минути имавме голема среќа што постигнавме два гола. Морам да кажам дека моите играчи, како и нашите навивачи, веруваа до последната минута, но фудбалот е непредвидлив и во таа смисла морам да кажам дека имавме голема среќа.“
Foto/ EPA/CJ GUNTHER