Црна хроника
Запленети повеќе од 3.500 парчиња петарди во Битола
При претрес од страна на овластени полициски службеници во домот на две лица во Битола полицијата запленила 3.500 парчиња најразлични петарди.
Во домот на 35-годишниот О.А биле пронајдени 1.515 парчиња, додека во втората акција која се одвивала во домот на 64-годишниот Н.Д. биле пронајдени и одземени повеќе од две илјади петарди.
По документирање на двата случаи, против лицата е поднесена соодветна пријава.
Продажбата на различни пиротехнички материјали зазема сé поголем замав пред новогодишните празници. И покрај предупредувањата и забраните за продажба на надлежните органи, сепак, несовесните граѓани и натаму пуштаат во промет петарди и различни распрскувачки пиротехнички средства.
Екипите на МВР отворено се борат против ваквите појави. Само изминатиов викенд во неколку градови во земјата полициските службеници успеаја да запленат огромни количества од овие распрскувачки материјали.
Од МВР апелираат да се почитува одлуката и забраната за продажба на овие материи бидејќи доколку граѓаните немаат слух за овие предупредувања ќе бидат преземени ригорозни мерки./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.