Македонија
Училиштето „Гоце Делчев“ во Виница ќе добие нов систем за греење
Поддршката која општина Виница ја доби преку Планот за чист воздух е во делот на замената на начинот на греење во ОУ„Гоце Делчев“со средства од 1,5 милиони денари и подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, со средства од 1,3 милиони денари, соопштија од Владата.
Тоа значи дека ОУ „Гоце Делчев“ во општина Виница, користењето на огревно дрво, кое се вбројува како главен извор на ПМ-честички, ќе го замени со еден од најеколошките, но и најекономични начини на греење.
Дополнително, велат од Владата, подобрувањето на енергетската ефикасност на општинската зграда ќе овозможи заштеда и на топлинска енергија и намалување на сметките за загревање за 30%.
Во насока на заштита на животната средина и користењето на алтернативни извори на енергија, Општина Виница, исто така е добитник на грант од Министерството за финансии преку ИПА програмата на ЕУ проектот за подобрување на општинските услуги, со што на зградата на општината, градинката „Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“ се поставени фотоволтаици.
Последните пресметки покажуваат дека трошоците за електрична енергија во детската градинка „Гоце Делчев“ за период август 2018 – август 2019 се намалени за 30%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

