Вести
Жестоки судири меѓу сириската војска и бунтовниците на Голанската висорамнина

Жестоки судири меѓу сириските воени сили и бунтовниците избиле рано утрото во понеделникот на Голанската висорамнина во непосредна близина на границата со Израел, јавува репортерот на France press.
Жестоки судири меѓу сириските воени сили и бунтовниците избиле рано утрото во понеделникот на Голанската висорамнина во непосредна близина на границата со Израел, јавува репортерот на France press.
Ова е многу редок случај во кој борбите се одвиваат толку блиску до израелската страна, која будно ги следи случувањата во сирискиот дел на Голан.
Сириските војници и бунтовниците разменувале оган од позиции кои биле меѓусебно оддалечени само 200 метри, на југозапад од сирискиот град Кунетра и во северниот дел на преминот кон Израел.
Израелската војска затворила дел од пристапите во повеќе делови од оваа област.
Израел, кој има голем број војници на Голанската висорамнина, будно ја следи ситуацијата и се подготвува да одговори и да спречи преливање на судирите или можни упади на своја територија.
Израелската војска во текот на неделата соборила едно беспилотно летало кое од соседна Сирија влегло во воздушниот простор кој е под контрола на Израел.
Израел во 1981 година припои дел од Голан кој го одзеде по жестоките војни со арапските соседи во 1967 година, но меѓународната заедница не ја признава оваа анексија.
Голанската висорамнина ја надгледуваат силите на ОН од 1974 година кога беше постигнато примирје меѓу Израел и Сирија, а овие две земји и натаму официјално се во војна.
Силите на ОН се распоредени во тампон зона долга 70 километри. Поради судирите меѓу мировниците и сириските бунтовници кои почнаа минатата седмица, голем дел од мировните сили минатиот викенд беа евакуирани.
Ситуацијата на ова подрачје се заострува поради граѓанската војна во Сирија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.