Спорт
Шмајхел: Бевме во игра, а потоа судијата реши да стане херој“
Голманот на Лестер Каспер Шмајхел му бил лут на судијата Мајкл Оливер по поразот на „лисиците’ од Ливерпул (0:4) во 19 рунда, во Премиер лигата.
Ливерпул првото полувреме го добија со голот на Фирмино, а во второто, во интервал од седум минути постигнаа три гола, еден од нив од пенал.
На прашањето дали конечниот резултат е реален, Шмајхел рекол.
„Мислам дека е малку превисок, бевме во игра се додека судијата не реши да се направи херој. Тие во моментов се најдобриот тим во светот, заедно со Манчестер сити. Ние целиме да бидеме како нив, но нашето патување е во раната фаза“, рекол Шмајхел.
Данскиот репрезентативец не може да го преболи досудениот пенал за Ливерпул.
„Како му беше името…Дермот (Галагер, поранешен судија) сега на Скај телевизија ќе каже дека одлуката била сјајна, дека судијата бил храбар. Не знам што требаше Сујунџу да направи, имаше милисекунда да реагира кога го погоди топката в рака“.
Лестер и покрај поразот останаа на второто место на табелата. сега имаат 13 поени помалку од Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фаворитите на Мундијалот според Лео Меси
Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе ја брани титулата светски шампион на Светското првенство во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Иако капитенот Лионел Меси (38) сè уште не потврдил дали ќе игра на турнирот, тој ги откри своите фаворити за освојување на трофејот.
По ждрепката на групите за Светското првенство, на кое за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, започнаа анализите и предвидувањата за можниот победник.
Ѕвездата на Интер Мајами го сподели и своето мислење, околу фаворитите за својување на титула.
„Има многу добри тимови. Шпанија, Франција, Англија, Бразил, кој исто така долго време не е шампион, сакаат да го освојат турнирот“, рече Меси за „ESPN“ и додаде.
„Германија, која отсекогаш сакаше да ја победи Аргентина, сега ја сака уште повеќе по последното Светско првенство. Ќе биде многу тешко, но не се сомневам дека ќе се борат за титулата“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Хејен замина, Леко пристигна во Клуб Бриж
Актуелниот шампион на Белгија, Клуб Бриж, експресно најде замена за тренерот, Ники Хејен. Од ривалскиот Гент, во Бриж, пристигна хрватскиот тренер Иван Леко.
Леко се враќа на клупата на Бриж, со кого ја освои титулата во 2018 година во својот прв двегодишен мандат. Тој играше за Клуб Бриж од 2005 до 2009 година и го освои Купот во 2007 година.
Хејен беше во Брж 18 месеци, а го остава тимот на 26-то место на табелата во Лигата на шампионите, додека во белгиското првенство, Бриж е трет на табелата, пет бода зад актуелниот шампион Унион Сен Жилоа.
Бриж претрпе три порази во последните четири натпревари во првенството.
Фудбалерите на Бриж играат во среда во 21:00 часот на свој терен против Арсенал, во шестото коло на Лигата на шампионите.
Foto/ freerangestock
Спорт
Норис потврди дека ќе ја носи „единицата“ на својот болид
Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, потврди дека ќе ја носи единицата на својот болид наредната сезона.
Според правилата на Формула 1, само актуелниот шампион има право да го користи бројот број еден на автомобилот, а Норис го заработи ова право откако ја освои титулата за прв пат во својата кариера во неделата. Тој заврши трет на последната трка од сезоната во Абу Даби и стана 11-от возач, светски шампион од Велика Британија.
Норис му ај донесе на Мекларен, првата титула во конкуренција на возачи, по 2008 година, кога шампион беше Луис Хамилтон.
Норис ќе го преземе бројот еден од Макс Ферстапен од Ред Бул, со кого се бореше за титулата. Британецот ја заврши сезоната со два бода помалку од Британецот и ја прекина серијата од четири титули. Ферстапен единицата на својот болид ја носеше од 2022 година.
„Тоа е традиција. Постои со причина. Постои таму, можете да излезете и да го зграпчите и можете да работите напорно за да го добиете“, изјави Норис за Скај.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, иако имаше можност, никогаш не возеше со бројот 1 на болидот, тој и остана верен на својата 44-ка. Норис го вози автомобилот со број четири од неговото доаѓање во Формула 1 во 2019 година.
„Сите ние како тим кои имавме улога во Мекларен или во мојот болид ќе го носиме со гордост. Тоа се сите мои механичари, моите инженери, секој што е дел од Мекларен исто така го добива тоа признание“, рече тој.
„Значи, ова не е за мене, туку за нив. Тоа е нивна гордост, знаејќи дека вложиле многу работа и труд и дека можат да кажат: „Ние сме број еден“. Не е толку кул кога ќе кажете: „Ние сме број четири“, па затоа ќе бидат уште посреќни од мене“, додаде 26-годишниот возач.
Од 2026 година, на возачите ќе им биде дозволено да ги менуваат броевите од година во година, при што Ферстапен ќе мора да најде нов број.
Пред да стане светски шампион, Ферстапен возеше автомобил со број 33, но рече дека негов омилен е бројот три, претходно користен од Даниел Рикардо.
Foto/ depositphotos

