Регион
На границата меѓу Хрватска и Словенија пронајдена бомба во автобус, граничниот премин затворен

Граничниот премин Брегана е затворен во двата правца кога во автобус бил пронајден куфер со сомнителен уред за кој се претпоставува дека е бомба.
Куферот за кој постои сомневање дека содржи бомба е пронајден во автобус што преминувал од Хрватска во Словенија.
MP Obrežje je zaradi varnostnega dogodka zaprt za ves promet v obe smeri. Omejen je tudi promet na avtocesti do Obrežja. Potniki se preusmerjajo na MP Slovenska vas in Rigonce. Avtobusi se lahko preusmerjajo le na MP Rigonce, tovorni promet pa na MP Metlika.
— policija_si (@policija_si) December 27, 2019
Багажот му припаѓал на руски државјанин, а словенечките медиуми објавиле дека хрватската полиција не открила ништо. Кога Словенците почнале да известуваат за пронаоѓањето на наводната експлозивна направа, многумина што ја преминале границата од хрватска страна се вратиле назад во Хрватска.
Граничниот премин е затворен, а патниците се пренасочуваат кон другите гранични премини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.