Свет
Асад планира да ги тужи САД за кражба на сириската нафта
Владата на Сирија размислува да ги тужи САД пред меѓународен суд за крадење на нафтата во Сирија, пренесува РТ.
„Сирија ја разгледува можноста за покренување меѓународна тужба против САД поради фактот дека тие крадат сириска нафта“, рече Бутаина Шабан, советник на Асад, за телевизијата Ал-Мајадин.
По изненадувачката најава за повлекување на американските трупи од Сирија во октомври, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги штитат сириските нафтени полиња од Исламската држава. Трамп тврди дека САД ја презеле контролата врз нафтата на Блискиот Исток објавувајќи дека САД ја обезбедиле нафтата, а борците на ИД се двојно обезбедени од Курдите и од Турција.
Тој не образложи за што мисли со „обезбедување на нафтата“, но шпекулациите за изјавата велат дека тоа се однесува на американските специјални сили кои ги контролираат полињата за нафта и гас во Деир Ез Зор, нафтен регион во Сирија.
Трамп вети дека ќе ги заштити сириските нафтени полиња од ИД, а САД може да остават 500 војници во североисточна Сирија и да испратат воени тенкови и друга опрема за да им помогнат на Курдите во областа да ги заштитат нафтените полиња што биле контролирани од ИД за време на т.н. калифат во делови на Ирак и Сирија.
Во интервју за „Ен-би-си њуз“ советникот на Асад рече дека САД немаат право на нафтата во Сирија предупредувајќи на „народното спротивставување и операциите против американските окупатори на нафтата. Курдските сили на СДФ го контролираат поголемиот дел од нафтата во Сирија. Пред војната, Сирија произведуваше 387.000 барели нафта на ден, од кои 140.000 беа за извоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.