Регион
(Видео) Инцидент во српското собрание, лидерот на „Двери“ упадна со транспарент
Во српското собрание денеска дојде до инцидент кога на седница упадна лидерот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, со тренспарент „Мило, крадецу, не ти го даваме светото“, на што реагира пратеникот од СНС, Александар Мартиновиќ. Со овие транспаренти од „Двери“ изразија незадоволство што српските власти не реагирале на усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта во Црна Гора.
Тогаш настана турканица меѓу пратениците, а претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, ја одложи седницата.
Обрадовиќ и неговиот партиски колега Иван Костиќ беа избркани од седницата.
Претседателката на српскиот парламент, Гојковиќ, ги повика пратениците да не потпаѓаат на провокациите на лидерот на „Двери“, Бошко Обрадовиќ, додавајќи дека потегот не е во интерес на кој било од Црна Гора.
„Којзнае по чии наредби тие мораат овде да направат циркуз каков што гледавме во парламентите во нашето соседство“, рече Маја Гојковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.