Црна хроника
Фатен познат велешки наркодилер
Познат нарко дилер од Велес, во среда бил приведен, откако претходно најден со половина килограм хероин кај штипјанец на Граничниот премин „Табановце“, довел до него, по што му е одреден притвор од 30 дена.
Одделот за недозволена трговија со дрога при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Велес го лиши од слобода е Г.К.(28) од Велес познат нарко дилер и осомничен организатор на транспорт на наркотична дрога – хероин на релација Македонија – западна Европа.
Имено, на 3 ноември, на ГП „Табановце“ на излез од Македонија биле запленети половина килограм наркотична дрога хероин.
При претресот на багажот на патникот К.А.(22) од Штип кој патувал со автобус од Македонија до Австрија, во долниот дел на ранецот во дупло дно кој го носел со себе била пронајдена наведената количина на хероин.
Од спроведената истрага е утврдено дека организатор на транспортот на хероинот е македонскиот државјанин Г.К. од Велес, кој го ангажирал К.А. и непосредно пред да тргне на пат му го предал ранецот во кој претходно бил сокриен хероинот да го транспортира кон Австрија.
Во среда, по претходно обезбедени наредба од Истражен судија извршен е претрес во домот на Г.К. во Велес, кој при влегувањето на полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода.
При претресот се пронајдени предмети кои ја потврдуваат неговата инволвираност во транспорти на хероин од Македонија кон земјите од западна Европа.
Од страна на Истражен судија од Основен Суд Скопје 1 Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

