Европа
Путин ѝ се обрати на руската нација со новогодишна честитка

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска, во новогодишна честитка ги повика Русите на единство во интерес на продолжување на развојот на земјата, а по повод дваесетгодишнината од доаѓањето на власт во 1999 година.
„Живееме во бурни и динамични времиња полни со противречности, но можеме и мораме да сториме сè за Русија да напредува“, вели Путин во телевизиска честитка која ќе се емитува на полноќ, и тоа постепено како што делови од Русија ќе влегуваат во новата 2020.
„Само ако сме заедно, можеме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваат нашето општество и нашата земја. Нашето единство е темел што ќе ни помогне да ги постигнеме и највисоките цели“, додава тој.
Путин ги пофали и руските предци за кои рече дека се херојска и непопустлива триумфална генерација бидејќи Русија в година ја одбележува 75-годишнината од победата на СССР над нацистичка Германија.
Последниот ден од 2019 година се совпаѓа со 20-годишнината од доаѓањето на власт на Владимир Путин – во 1999 година, во новогодишната телевизиска честитка, тогашниот претседател Борис Елцин објави дека заминува на општо изненадување предавајќи му ја власта во преодниот период на својот наследник, премиерот Путин, тогаш малку познат и именуван само некоку месеци претходно.
Засега Путин не ги открива своите планови по 2024 година кога му истекува сегашниот втор последователен мандат по што, според Уставот, веќе не може да се кандидира за функцијта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
НАТО: Упадот на руските дронови во Полска не го третираме како напад

Ројтерс објави дека полските авиони Ф-16, холандските Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС учествувале во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала биле забележани од системите Патриот на радарот, но не отвориле оган.
Ројтерс потсетува дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.
Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.
фото: принтскрин
Европа
ЕУ за руските дронови над Полска: Ова беше намерно

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека синоќешниот упад на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор бил „намерен, а не случаен“.
Калас го опиша настанот како „најсериозен упад во европскиот воздушен простор од почетокот на војната“. Таа додаде дека инцидентот покажува дека „војната на Русија ескалира, а не завршува“.
„Мораме да ја зголемиме цената за Москва, да ја засилиме поддршката за Украина и да инвестираме во европска одбрана“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ.
За потсетување, полската војска рано утрово објави дека соборила руски беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Денес се случи исклучително опасен преседан за Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша најновиот напад на Русија врз Украина, во кој беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, како „уште еден чекор на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“.
Зеленски рече дека најмалку осум беспилотни летала ја погодиле Полска. Русите ја нападнаа Украина преку ноќ со околу 415 беспилотни летала и повеќе од 40 ракети. Украинскиот лидер повика на посилен одговор од сојузниците и предупреди дека „одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници само значи зголемување на бруталноста на нападите“.
„Спасувачите моментално работат во Волочиск, Хмелницкаја област, каде што Русите со ракета погодија обична шивачка работилница. Досега се пријавени три повредени лица. Ова е само едно од местата на денешниот масовен руски напад: околу 415 дронови од различни видови и повеќе од 40 крстосувачки и балистички ракети.
15 од нашите области беа нападнати. За жал, едно лице беше убиено во гранатирање во Житомирската област. Моето сочувство до семејството и најблиските. Москва секогаш ги поместува границите и ако не наиде на силна реакција, ќе остане на ново ниво на ескалација“, рече Зеленски.
„Денес се случи уште еден чекор на ескалација. Руско-иранските „Шахеди“ дејствуваа во полскиот воздушен простор, во воздушниот простор на НАТО. Не само еден „Шахед“, што би можело да се нарече грешка, туку најмалку осум напаѓачки дронови насочени кон Полска.
Исклучително опасен преседан за Европа. Дали ќе има понатамошни чекори зависи исклучиво од координацијата и силата на одговорот. Русите мора да ги почувствуваат последиците. Русија мора да почувствува дека војната не може да се прошири и дека ќе мора да се запре. Паузата во санкциите траеше предолго.
Одложувањето на ограничувањата за Русија и нејзините соучесници значи само зголемување на бруталноста на ударот. Потребно е доволно оружје за да се уништи Русија. Потребен е силен одговор. А ова може да биде само заеднички одговор на сите партнери: Украина, Полска, сите Европејци, САД. Им благодарам на сите што помагаат“, нагласи тој.
фото: принтскрин