Спорт
Мурињо: На Кејн и напаѓачите им е преку глава од дефанзивците на Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо стравува дека Хери Кејн и напаѓачите на неговиот тим веќе не можат да толерираат да мораат да ги „вадат“ дефанзивците на тимот по низата грешки.
Во првите 10 меча на Мурињо на клупата на клубот од северен Лондон, тие примија дури 17 голови и во пет од последните седум меча, противничкиот тим пет пати бил во водство.
„Примаме премногу голови и тоа е фрустрирачки. Да бев еден од моите напаѓачи ќе бев многу лут што зад мене не можеме да ги сопреме противниците. На гости победивме двапати, еднаш загубивме и еднаш одигравме реми. Дали тоа е подобро од претходно? Секако. Дали е совршено? Не, не сум задоволен“, вели Мурињо.
Шестопласираните Тотенхем утре гостуваат кај Саутемптон и потребна им е победа да се вратат во трката за топ 4 пласман, бидејќи веќе се пет поени зад Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мексиканката Оваље најскапа фудбалерка во историјата

Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал.
Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува „Би-би-си“. Оваље потпиша двегодишен договор со Орландо Прајд.
Мексиканката има 25 години, го носеше дресот на Тигрес осум сезони и освои пет титули во мексиканскиот шампионат.
Таа е позната и по прекарот „Ла Мага“ (Магионичарка).
Игра како лево крило и го напушта Монтереј како најдобар стрелец на Тигрес со 136 гола и 103 асистенции во 294 натпревари.
Оваљњ има одиграно 64 натпревари за мексиканската репрезентација на кои постигнала 22 гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Сега е официјално – Даглас Луиз во Нотингем Форест

Бразилецот Даглас Луиз ќе игра во црвениот дрес на Нотингем Форест во новата сезона. Луиз пристигна од Јувентус на едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето.
Овој 27-годишен Бразилец се враќа во англискиот фудбал по една година играње во Серија А. Во својот нов клуб, тој ќе го носи бројот 12.
На „Сити граунд“ ќе им се приклучи на четворицата сонародници (Муриљо, Игор Жезус, Морато и Жаир Куња).
Даглас Луиз ја започна својата кариера во родниот Рио де Жанеиро, во Васко де Гама, каде што го привлече вниманието на Манчестер сити, за кого потпиша во 2017 година. Откако помина две години на позајмица во Шпанија, во Џирона, тој се пресели во Астон Вила во 2019 година, каде што одигра над 200 натпревари.
Тој играше брилијантно за клубот од Бирмингем, чии навивачи го избраа за играч на сезоната во 2023/23. Најдобро се снаоѓа на позицијата централен играч од средниот ред. Во дресот на Астон Вила, тој постигна 22 гола и запиша 24 асистенции.
Луиз, исто така, играше 18 пати за Бразил и освои златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Минатото лето за 51 милион евра од Астон Вила се пресели во Јувентус. Не успеа да се адаптира на италијанскиот фудбал, не успеа да се избори за стандарден статус во првиот тим ни кај Тијаго Мота, ни кај Игор Тудор. Навивачите и медиумите го прогласија како едно од најлошите засилувања во историјата на славниот клуб.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ го фрли првиот „пич“ пред дербито Јенкис-Ред Сокс

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, имаше чест да го фрли првиот „пич“ непосредно пред големото бејзбол дерби помеѓу Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс.
Ривалството помеѓу Јенкис и Ред Сокс е едно од најголемите во сите американски спортови, и јасно е зошто Ѓоковиќ одлучи да биде на стадионот Јенки во своето слободно време.
Новак имаше чест да го фрли првиот „пич“, нешто со што не можат да се пофалат многу луѓе. Новак ги сподели сликите на социјалните мрежи, во соработка со Јенкис, а во описот беше додадено:
„Благодарност до тениската легенда Новак Ѓоковиќ што го фрли церемонијалниот прв „пич“!“
Novak Djokovic throws out the 1st pitch at Yankee Stadium! pic.twitter.com/CVpzNuSXFk
— MLB (@MLB) August 22, 2025
Фото/ Принтскрин