Спорт
Фудбалер на Селтик ќе одговара за фаќање по гениталии на ривалот од Ренџерс (видео)
Фудбалерот од средниот ред на Селтик, Рајан Кристи го очекува суспензија од два меча, откако Шкотската фудбалска асоцијација потврди дека тој ќе одговара за обидот да го фати напаѓачот на Ренџерс, Алфредо Морелос за гениталии во текот на неделниот меч.
Кристи е повикан да одговара пред дисциплинската комисија поради „акт на бруталност“, иако токму него му беше потребна операција на бутниот мускул по мешаницата со Морелос при 1:2 поразот од Ренџерс.
Иронично, минатата година во декември, Селтик тврдеа дека Кристи бил „жртва“ на сличен прекршок, овојпат од Морелос при 1:0 победата на Ренџерс, но Колумбиецот не беше казнет.
ИНЦИДЕНТОТ ОД ОВАА ГОДИНА
Celtic midfielder Ryan Christie faces a two-game ban after being charged with attempting to grab Rangers Alfredo Morelos by the genitals during Sunday’s Old Firm game.https://t.co/GcCRyPiUyf pic.twitter.com/YUqeyRoezD
— BBC Sport Scotland (@BBCSportScot) December 31, 2019
ИНЦИДЕНТОТ ОД ЛАНИ
Much made about Morelos trying to push Christie away but no mention that it’s because ralston slams him to the ground & Christie himself comes in for a fly kick of “the ball” while Morelos is lying on top of it…..
All about context but that’s lost in the SMSM pic.twitter.com/P6QxGjrkTj
— Mr M (@MBS1872) December 31, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

