Контакт

Вести

Нова верзија за смртта на наркобаронот Пабло Ескобар

Објавено пред

Синот на еден од најпознатите криминалци на сите времиња Пабло Ескобар објави книга за својот татко, во којашто тврди дека колумбискиот наркобарон извршил самоубиство, наспроти официјалната верзија дека наркобаронот е убиен на 2-ри декември 1993 година во операција на елитните единици на колумбиската полиција поддржана од американските служби, што воедно претставуваше и крај на постоењето на картелот од Меделин.

dobivaj vesti na viber

Во 80-те години од минатиот век, шефот на картелот Меделин, Пабло Ескобар, беше на врвот на листата на најбараните трговци со дроги во САД и се сметаше за еден од најбогатите луѓе на светот. Американскиот служби, каде што Ескобар пласираше тони кокаин, долго време беа во потрага по него. Неговото богатство се проценуваше на околу три милијарди долари во 1993 година, кога беше убиен на 43-годишна возраст, при обид да избегне апсење, според официјалната верзија.Според неговиот син Хуан Пабло Ескобар, татко му си го одзел животот наоѓајќи се во безизлезна ситуација на покривот од една куќа. Хуан Пабло, тврди дека официјалната верзија за смртта на неговиот татко не е точна. Според него, Ескобар не бил убиен, туку се самоубил, бидејќи се нашол опколен и притоа авторот на книгата тврди дека воопшто не се обидува да го оправда во ништо неговиот татко. „Книгава нема цел да претставува реванширање, нам ни е важно да ја раскажеме приказната во целата нејзина димензија, за да се разбере како јас како син можев да ги отстранам емоциите за да опишам каков беше мојот татко“, вели Хуан Пабло, кој според телeвизијата Telesur го опишува татко си како „дилер на дрога, терорист и убиец“.Опишувајќи ја криминалната природа на Ескобар во книгата авторот се сеќава и дека „… Татко ми дојде на чело на картелот од Меделин, , источна Колумбија, каде е роден и израснат во тоа милје, неговите пријатели беа најлошите гангстери и криминалци, во историјата на земјата“.Според него, Ескобар ги превезувал наркотиците во САД, во Мајами, без никаков страв или криење, и тоа му го овозможувале корумпирани агенти од Дирекцијата за борба со наркотиците (DEA) на САД. Според независни експерти, вкупно на душа на Ескобар паѓаат меѓу пет и десет илјади загубени човечки животи. Нему му се припишува и ликвидацијата на тогашниот министер за правда на Колубија, кандидат за претседател на државата, како и експлозијата во авионот на компанијата „Avianca“. Истовремено Ескопар бил и екстравагантен криминалец. На пример, со парите заработени од криумчирањето на дрогите во Меделин биле направени многу фудбалски игралишта за деца, како и цел кварт за сиромашните семејства.Неодамна сестрата на Пабло Ескобар побара прошка од семејствата и жртвите од криминалните активности на нејзиниот брат. Колумбиските власти во меѓувреме одбија да регистрираат трговска марка „Пабло Емилио Ескобар Гавирија“, на еден од роднините на поранешниот шеф на картелот Меделин. Одбивањето за регистрацијата е образложено со нанесување штета на јавниот морал и ред. Забележително е што ниту вдовицата, ниту децата на наркобаронот сега не го носат неговото презиме, откако се преселија во Аргентина кон крајот на 1990-те, тие ги сменија своите имиња. Така авторот на книгата со наслов „Пабло Ескобар – Мојот Тако“ последните дваесет години живееше под псевдонимот Хуан Себастијан Марокин. Во книгата се сеќава оти во детството наместо играчки, како сите деца од своите родители, на подарок добивал мотоцикли на акумулатори, зоолошка градина со жирафи, зебри, нилски коњи…., раскошни дворци, но истакнува дека од сето тоа „не останало ништо, сѐ е уништено“. Според него, „тргувањето со наркотици никогаш не е добра зделка, бидејќи тоа лишува од сѐ, од емоциите, слободата и животот“ и верува дека читателите ќе сфатат зошто Пабло Ескобар никогаш не запирал и си ја потпишал пресудата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија6 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија7 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ10 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион11 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет11 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија13 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија14 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет1 ден

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје1 ден

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет1 ден

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ1 ден

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија1 ден

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет1 ден

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет1 ден

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ1 ден

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија1 ден

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ1 ден

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија2 дена

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија2 дена

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...