Контакт

Македонија

(Видео) Собранието ја избра техничката Влада со 101 глас „за“

Објавено пред

Собранието со 101 глас „за“, без ниту еден „воздржан“ и „против“ ја избра новата техничка Влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април во согласност со договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

„Ве уверувам дека како Влада ќе ги преземеме сите неопходни мерки, ќе имаме конекција со сите релевантни институции за организација на предвремените парламентарни избори. Апелирам до опозицијата да се охрабри и да биде дел од овој процес, да се тргнат сите флоскули на политиканство и да испорачаме резултати што не смеат да бидат ни милиметар помалку од успешен изборен циклус“, порача во експозето мандатарот на новата техничка влада, Оливер Спасовски, истакнувајќи дека во периодот што претстои ќе треба да се организираат фер и демократски избори.

Според програмата за работа што Спасовски ја достави до Собранието, Владата во периодот до изборот на следната политичка влада за свои стратешки приоритети ги потврдува успешното организирање слободни фер и демократски предвремени парламентарни избори, полноправното членство во НАТО, успешното почнување и водење на пристапните преговори со ЕУ, развојот на економијата, зголемувањето на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, реформите во правосудството, целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор и градењето граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, намалување на аерозагадувањето, одлучната и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнењето на владеењето на правото преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа и реформите во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија.

Новата техничка Влада е избрана кога премиерот Зоран Заев изутринава поднесе оставка по што претседателот Стево Пендаровски му го предаде мандатот на Спасовски за состав на новата преодна влада.

На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, вицепремиер за економски прашања ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика. Министер за внатрешни работи во техничката Влада е Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика е Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменик-министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменик-министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Заменик-министри ќе бидат избрани на нова седница.

 

 

Министрите во новата Влада дадоа свечени изјави, а во 18 часот ќе почне собраниската седница, на која треба да бидат избрани дополнителните заменик-министри.

Претседателот Стево Пендаровски во 18.30 часот ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата во својот кабинет во вилата „Водно“.

 

Македонија

По вчерашното труење со храна во “Димо Хаџи Димов, вонредна инспекција во кујните на девет основни училишта во Карпош

Објавено пред

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна, соопшти АХВ.

dobivaj vesti na viber

„Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање.

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Тренчевска: ДПМНЕ ја уби надежта на лицата со попреченост, нема зголемување на поддршката

Објавено пред

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања, укажа дека се уште до Собранието не се доставени измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои треба да се зголеми износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост, и покрај тоа што амандманот за зголемување на надоместокот беше прифатен со ребалансот на Буџетот во јули 2025 година. Тренчевска упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, кога ќе се донесат измените и дали ќе има зголемување во 2026 година на сите права од детска и социјална заштита.

dobivaj vesti na viber

„Со ребалансот на Буџетот во јули 2025 година беше прифатен амандман со кој се обезбедија дополнителни средства од 50 милиони денари за да се овозможи зголемување на износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост.

Денеска сме 27 ноември, покачување нема, а ниту има доставено до Собранието измени на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита, како би можеле овие права да се зголемат во 2025 година.

Заменик-министер, им ја убивте надежта на лицата со попреченост дека ќе имаат повеќе приход во семејството. Си поигравте и со нив предизборно, ветувајќи им зголемување на надоместокот. Завршија изборите, тие ви поверуваа, а вие ги изневеривте“.

Тренчевска праша кога да се очекуваат во Собрание предлог-измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со цел зголемување на овие права.

„И дали ќе има зголемување во 2026 година на сите права од детска и социјална заштита, со оглед на намалените средства во буџетот за 2026 година во делот на правата и надоместоците, кои се намалени за близу 2 милијарди денари“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што и оваа година од 3 % дојдовме на 3,4 % од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34 % во реализација и на капиталните и на приватните инвестиции во третиот квартал.

dobivaj vesti na viber

„Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4 % и повеќе во услови на ваква криза, особено во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5 и 8 %, што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5 %, во вториот 7,8 %. Ова е она што претставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови и јавниот и државниот долг“, посочи Мицкоски.

Додаде дека ако ги гледаме 2025 година и додадената вредност, која ја креираме во економијата, и споредиме со задолжувањата, ќе видиме дека тоа е во однос 2 спрема 1 и затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг, одговорот е дека едниот е речиси 2,8 %, а другиот 3,5 % помал од оној што бил на крајот на 2024 година.

„Ако споредите со седум години СДСМ и ДУИ, ќе видите дека поголемо е задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за граѓаните да почувствуваат дека нешто добро се случува во државата во споредба со тоа како беше по принципот ‘како до сега’. И никогаш нема да ја научат лекцијата, им ги слушам пораките, дискусиите овде и сфаќам дека не сакаат да ја научат. Си кажуваат една работа, комотно им е тука во парламентот, убаво им е на малкумина, без да водат сметка како е во државата и каква одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи“, потенцира Мицкоски.

Нагласи дека главна цел на Владата е да ги реализира капиталните инвестиции и во таа насока посочи дека сите капитални инвестиции, кои се дел од општините и ги финансира централната влада, „а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата, доаѓаме до бројка од половина милијарда евра, додавајќи дека дел е досега завршен, дел во фаза на реализација, овие капитални инвестиции очекувам дека од 75 до 80 % ќе бидат готови.

Очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево – Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал во 2027 година, имаме мал проблем со проектирањето на косините, кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Владата и жестоки сме со компанијата, која си игра мајтап со трпението, и мислам дека треба да престанат да си играат мајтап и да го заврши она што требаше во февруари, па се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на коридорите 8 и 10 д, очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализацијата на капиталните во други сегменти и почнување нови“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

По вчерашното труење со храна во “Димо Хаџи Димов, вонредна инспекција во кујните на девет основни училишта во Карпош

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта...

Македонија21 минута

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Топ2 часа

Ја повредил сопругата со остар предмет, а претходно се обидел со шприц насилно да ѝ стави непозната течност во устата: уапсен маж од Струмичко

Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој...

Топ3 часа

(Фото) Петмина уапсени на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства

Вчера во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода 34-годишниот Ј.Ќ. од...

Регион3 часа

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион4 часа

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ4 часа

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет5 часа

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет5 часа

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет6 часа

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет7 часа

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет7 часа

Хамас побара евакуација на своите борци што останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија18 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија22 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија23 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија1 ден

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија1 ден

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија1 ден

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...