Црна хроника
Грк пронајден починат на паркинг пред казино во Гевгелија

Седумдесет и тригодишен државјанин на Грција бил пронајден починат на возачкото седиште од автомобилот, на паркинг пред казино во Гевгелија.
Случајот во полицијата го пријавило обезбедувањето на казиното.
„Ј.П.(42) од селото Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција. Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.
Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.