Спорт
Арсенал со мака до победа над Лидс, Алиоски ќе жали за пропуштеното (видео)

Реис Нелсон го постигна единствениот гол во дуелот од третото коло од ФА купот помеѓу Арсенал и Лидс јунајтед, користејќи грешка на одбраната на гостите, кои имаа поголем дел од играта во текот на целиот меч и совршена шанса преку македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Второлигашот Лидс имаше фантастичен почеток на мечот, со посед од над 60 отсто во првите 20 минути игра, но не успеваа да стигнат до гол во завршницата. Во 33. минута, Алиоски направи „тревога“ во одбраната на „топчиите“, по која Сократис и голманот Дамијан Родригез мораа да интервенираат да спречат гол.
Во второто полувреме, Арсенал почна да се „буди“, и во 49. минута, Александер Лаказет ја погодува пречката од слободен удар, за во 54. минута да стигнат до гол откако по нафрлањето на Лаказет, топката некако стигна до Нелсон, кој ги казни гостите.
Арсенал во четвртото коло гостуваат кај уште еден премиерлигаш, Бурнемаут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нејмар беше повикан во репрезентацијата по повеќе од една година

Бразил го повика напаѓачот на Сантос, Нејмар Жуниор за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација.
33-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година.
По разочарувачкиот период во саудискиот премиерлигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари, постигнувајќи три гола и додавајќи три асистенции во седум натпревари за да го привлече вниманието на селекторот на Бразил, Доривал Јуниор.
Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 гола. Тој беше дел од тимот на Бразил кој освои златен медал на Олимписките игри во Рио во 2016 година и исто така им помогна да завршат како второпласирани пред Аргентина на Копа Америка во 2021 година.
Бразил, кој е петти на табелата КОНМЕБОЛ со 18 бодови од 12 натпревари, на 21 март ќе и гостува на Колумбија, а пет дена подоцна ќе гостува во Аргентина.
Најдобрите шест директно се квалификуваат за Светското првенство.
Спорт
Интер сезонава цели кон тројната круна

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.
По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија).
Инзаги му одговори со кренати три прста. Тренерот на Интер, покрај првенството и Купот, верува и дека може да ја нападне и европската титула.
Интер моментално води во италијанскиот шампионат откако освои бод во многу важно првенствено дерби против Наполи и остана еден бод пред нив и три пред Аталанта.
Тимот на Инзаги во полуфиналето во Купот ќе игра против Милан.
Инзаги е тренер на Интер од 2021 година и го предводеше на 198 натпревари. Минатата сезона го освои италијанското првенство, два пати го освои Купот и три пати Суперкупот. Во Лигата на шампионите пред две години стигнаа до финалето каде загубија со 1:0 од Манчестер Сити.
Спорт
Марк Одермат веќе обезбеди еден „Кристален глобус“

Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи.
Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната.
Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш бил опериран.
Остануваат уште две трки во супер-џи до крајот на сезоната, а само Касе може да го стигне Одермат, кој има 181 бод повеќе во поредокот.
Одермат беше најдобар во супер-џи во претходните две сезони. Освен тоа, Швајцарецот има еден глобус во спуст, три во велеслалом и три пати го има освоено Големиот кристален глобус за најдобар во Светскиот куп, во 2022, 2023 и 2024 година.
Марк е на чекор до нова победа во Светскиот куп бидејќи моментално води со 1306 бодови, додека на второто место е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 946 бодови.