Свет
Иран се закани со напади на Израел и Дубаи доколку Америка одговори на нападот

Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку Соединетите држави се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски трупи во Ирак.
„Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои им дадоа бази за стационирање на нивната терористичка војска, дека секоја територија која ќе послужи како почетна точка за агресија против Иран ќе биде гранатирана“, соопшти Иранската национална гарда.
Иранската гарда исто така се закани дека ќе го бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меил“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершеба на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија.
„Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области. Во моментов ја проценуваме штетата, како и бројот на потенцијални повредени“, се вели во соопштението на болницата.
Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал проектили кон Израел.
„Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.
Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да зажали и плати за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.
„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на „Икс“, обвинувајќи го Израел дека сака да го прошири конфликтот во регионот и пошироко.
Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
Свет
Трамп одобрил планови за напад на Иран, пишува „Волстрит журнал“

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма пред да даде каква било наредба за напад, објави „Волстрит журнал“.
Трамп ги информирал своите високи помошници дека ги одобрил плановите, се вели во извештајот на весникот.
Претходно, на прашањето дали одлучил дали да ги нападне нуклеарните објекти на Иран, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа, можеби и не“. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, возврати рече дека неговата земја нема да се предаде и предупреди дека секоја воена интервенција на САД ќе донесе непоправливи последици.
Свет
Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку Интернет

Обвиненија се покренати против лажен стоматолог и неговите двајца помошници, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако го научиле „занаетот“ преку Интернет.
Според полициското соопштение, тројца членови на исто семејство отвориле комплетно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионална квалификација во градот Хавличков Брод во централна Чешка во 2023 година.
Лажниот стоматолог, 22-годишен маж, правел прегледи, вадел заби, чистел забни канали и давал анестезија, сето тоа врз основа на знаење стекнато преку Интернет. 50-годишна жена работела како медицинска сестра, додека 44-годишен маж, кој го обезбедувал просторот, изработувал протетика за пациентите.
Жената, која претходно работела во здравството, набавила анестезија, но и други стоматолошки материјали до кои имала пристап, како пломби, лепила, материјали за отпечатоци и други“, соопштија од полицијата.
На прашањето на АФП дали пациентите се пожалиле, портпаролката на полицијата Михаела Леброва одби да коментира.
Полицијата соопшти дека нелегалната ординација лекувала десетици пациенти и остварила приход од околу 160.000 евра.
Тројката беше уапсена на почетокот на овој месец и обвинета за неовластени активности, перење пари, обид за повреда, манипулација со дрога и кражба.
Досега не се казнети. Откако ја признаа вината, тие беа пуштени да се бранат од слобода, и им се заканува казна затвор до осум години.
Поради хроничниот недостиг на стоматолози, чешкиот парламент минатата година усвои закон со кој се олеснува вработувањето на стоматолози од земји надвор од Европската Унија.