Црна хроника
Двајца работници повредени, паднале од висина од 10-15 метри
Двајца работници вработени во приватна лимарија „7-ми Април“ паднале од висина од 10-15 метри додека работеле најверојатно на кран во Макстил, соопшти МВР.
Работниците, едниот на возраст од 19, а другиот на возраст од 34 години во понеделник биле пренесени во Ургентниот центар.
Случајот бил пријавен во полицијата од страна на лица од Ургентниот центар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово.
А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ.
Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.
Црна хроника
Велешанец нападнат сред ноќ, напаѓачот бил пијан
Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес.
Полициските службеници при проверката кај Д.Т. затекнале 1,83 промили алкохол во крвта.
Приведениот бил задржан во полициската станица, а како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

