Забава
Бибер: Не се дрогирам, болен сум

Канадскиот поп-пејач, Џастин Бибер, откри дека му е дијагностицирана лајмска болест, како и дека изминатите неколку години за него биле многу тешки.
Не требаше многу време да помине кога беше снимен на улица во прилично лоша состојба, па да почнат шпекулациите дека канадската мегаѕвезда има проблеми со дрогата.
Но, 25-годишниот пејач објави на „Инстаграм“ дека за неговата лоша состојба не е одговорна дрогата, туку болеста.
„Неколку тешки години е со мене“, нагласи Бибер откривајќи дека докторите му дијагностицирале лајмска болест, но и дека со години страда од хронична вирусна инфекција.
Лајмската болест ја шират крлежите, а во почетокот болеста предизвикува осип, треска, главоболки и малаксаност. Може да доведе и до парализа на фацијалниот нерв, силни болки во зглобовите, тешки главоболки и срцева палпитација.
Дури и кога ќе се излекува, со месеци подоцна симптомите може повторно да се појават.
„Луѓето мислат дека сум на мета (мета-амфетамин), но не сфаќаат дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест, а дека во претходниот период имав тежок случај
на мононуклеоза, која влијаеше на мозокот и на мојата целосна здравствена состојба“, наведе пејачот.
Тој додаде дека зема терапија и дека сè ќе открие во претстојниот документарец за својот живот, кој ќе се емитува на „Јутјуб“.
„Ќе видите против што се борам и победувам. Ќе се вратам подобар од кога било“, истакна Бибер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сопругата на Меси објави фотографии од семејниот одмор

Сопругата на славниот фудбалер Лионел Меси обично објавува семејни фотографии, но понекогаш „се опушта“ и тогаш светот добива единствена можност да се восхитува на нејзината убавина.
Сезоната на бикини е пред нас, а познатите ѕвезди веќе на големо објавуваат атрактивни фотографии од егзотични дестинации. Сопругата на познатиот фудбалер Лионел Меси – Антонела Рокоцо не ја пропушти можноста да му покаже на светот нов модел на бикини.
Антонела ја покажа својата извајана фигура во црно бикини на Инстаграм. Нејзината природна убавина ја надополни целата сцена, и можеме само да кажеме дека Меси е вистински среќен човек.
Забава
Голем број познати личности пристигнуваат во Венеција за „свадбата на векот“: меѓу нив и Кардашијан

Сè поголем број познати личности пристигнуваат во Венеција. Папараците ги фатија ријалити ѕвездите Ким Кардашијан и Крис Џенер, кои се меѓу гостите на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која многумина ја нарекуваат „свадба на векот“.
Ким и Крис беа фотографирани на аеродромот во Венеција.
Иванка Трамп беше меѓу првите што пристигнаа во Венеција. Таа го донесе својот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца со себе. Семејството прво беше фотографирано како се вози на традиционален венецијански брод низ градот, а подоцна за време на опуштена прошетка низ историскиот центар.
Момчето на Крис Џенер, Кори Гембл, исто така беше фотографирано кратко потоа.
Безос и Санчез ги поминаа деновите пред свадбата во Хрватска на луксузни јахти. Сепак, тие патуваа до Венеција со приватен хеликоптер, додека јахтите Кору и Абеона останаа во Хрватска.
Забава
Со шик изглед, Иванка Трамп заблеска во Венеција

Иванка Трамп и Џаред Кушнер пристигнаа во сончевата Венеција претходно оваа недела за свадбата на годината – Лорен Санчез ќе се омажи за основачот на Амазон, Џеф Безос, во италијанскиот град овие денови. Двојката организираше повеќедневна прослава полна со гламур за познати гости, семејство и пријатели.
Во вторникот, Иванка беше видена како се качува во водено такси со Џаред и нивните три деца – Арабела, Џозеф и Теодор – според People. За таа пригода, таа избра шик, координиран фустан од брендот La DoubleJ.
Се состои од краток топ и здолниште до колена во А-крој, во крем боја со впечатлив црвен геометриски и цветен вез, што му дава на целиот фустан доза на луксузна летна елеганција.
Горниот дел се продава за 390 евра, додека здолништето чини 450 евра.
Изгледот го комплетираше со едноставни, но ефективни модни додатоци: црни очила за сонце и торба, совршени за летните температури. Косата ја врза во елегантна пунџа – практично решение за борба против жештината.
Комбинацијата што ја носеше е мешавина од елеганција и опуштен летен стил, идеална за прошетка низ градот, ручек на тераса или вечерни собири покрај море.