Свет
Трамп за авионската несреќа: Некој можеби направил грешка
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека до несреќата на украинскиот авион можеби дошло поради грешка. Тој додал дека има ужасно чувство во врска со тој случај, не наведувајќи детали.
„Некој можеби направил грешка“, им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесува „Ројтерс“.
Претходно, американскиот неделник „Њузвик“, објави дека украинскиот авион што се урна во Техеран, Иран, во вторникот, бил соборен од ракета. Весникот се повика на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американски и ирански разузнвачки служби. „Њузвик“ објави дека според процена на Пентагон, авионот бил урнат случајно.
Во несреќата загинаа повеќе од 170 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.