Црна хроника
Седум години затвор за продажба на ќерка си

Основниот кривичен суд осуди татко на затворска казна од седум години зашто ја продал ќерка си во Словенија, каде што таа била присилена да се омажи. Продажбата и присилниот брак се случиле во 2013 година, а тогаш девојчето имало 17 години.
Предметниот кривично-правен настан се случил во 2013 година кога Т. Д. ја присилил на брак својата тогаш 17-годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија. Оштетената малолетничка од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.
За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвиителство за гонење организиран криминал и корупција. Надлежен јавен обвинител веднаш почна истрага за кривично-правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што првпат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила, обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.