Македонија
Османи: Изборите ќе ја потврдат демократската и политичката зрелост на државава

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со амбасадорот на Република Франција во земјата, Кристијан Тимоние. На средбата стана збор за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и во јуни под палката на хрватското претседателство со ЕУ.
„Преодната Влада се формира според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ не само за институционалната туку и за политичката зрелост на државата“, истакна Османи притоа потенцирајќи дека во периодот што следува Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.
На средбата се разговараше и за другите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори, на која работи Европската комисија, предизвиците на земјава да го задржи реформскиот момент, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска, како и сите други актуелности.
„Соговорниците за време на средбата ја реафирмираа заедничката заложба за иднината на земјите од Западен Балкан, при што уште еднаш заеднички се согласија дека Република Северна Македонија и другите земји од регионот немаат друга алтернатива, освен полноправното членство во ЕУ“, соопштија од кабинетот на Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.