Црна хроника
Се превртел `мерцедес` кај Идризово, една жртва

Петнаесетина минути по полноќ, во неделата на регионалниот пат Скопје-Велес, после с.Идризово, се случила сообраќајна незгода.
„Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.Ѓ.(1974) од село Шишево-Скопје, се превртело.
Од здобиените повреди при незгодата починала Џенита Ш.(1994) од село Идризово.
Со тешки телесни повреди се здобила А.Ш.(1993) од село Идризово која е пренесена и задржана во Клинички центар Скопје.
Тешки повреди имаат сопатниците Д.Т.(1993), М.Г.(1993), Ј.А.(1996), А.Д. и С.Д.(1993), сите од Скопје кои биле пренесени во Ургентниот центар-Скопје за укажување лекарска помош.
Увид на лице место извршиле Истражен судија, заменик јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.