Македонија
Назначени нови началници во МВР

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, назначи 12 раководители и 12 дополнителни заменик- раководители.
Илија Милески е именуван за началник, а Сашо Милески за дополнителен заменик-началник на СВР Охрид во Бирото за јавна безбедност.
Александар Николов е нов началник на СВР Штип, а негов заменик е Марјан Коцев. Во СВР Битола за началник е именуван Андреј Василевски, а за негов заменик Славко Јовановски.
Трајче Георгиоски е именуван за началник на Одделението за внатрешни работи во Прилеп во СВР Битола, а за негов заменик е именуван Игор Каравилоски.
За началник во СВР Велес е именуван Игор Ангеловски, а за негов заменик Злате Јаневски.
Васил Тодоров е именуван за началник во СВР Струмица, а Танчо Пројковски за заменик-началник.
Филип Филиповски е именуван за помошник на министерот на одделот за внатрешна контрола, а Дејан Андонов е именуван за негов заменик.
Сашко Зенговски е назначен за началник на одделот за специјални полициски операции, а за негов заменик е именуван Бранко Трајановски.
Ивица Бисовски е именуван за командант на единица за специјални задачи во одделот за специјални полициски операции, а Митко Даневски за негов заменик.
За началник на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал е именуван Александар Јанев, а за негов заменик Лазо Велковски.
Васко Наумовски е нов началник на единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, а за негов заменик е именуван Примислав Димовски.
За началник на СВР Скопје е именуван Ристо Ставревски, а за негов заменик Тони Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.