Македонија
(Видео) Достовски: Црниот пазар на канабис ќе цвета ако се продолжи со негова забрана
Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кој треба да се најде на пленарна седница на Владата на 14 јануари, ги раскара сопартијците на собраниската расправа на Комисијата за здравство. Мислењата се екстремно спротивставени од оние на пратеникот Влатко Ѓорчев дека овој закон ќе стимулира употреба на дрога кај младите, па до оние на Маја Морачанин дека во многу европски земји законските регулативи дозволуваат контролирана употреба на билката канабис, барем оние видови што имаат медицински својства. Колку овој предлог-закон е направен во интерес на граѓаните или, пак, тој единствено ги штити бизнис-интересите на компаниите лиценцирани за извоз на сув цвет од канабис, разговараме со Филип Достовски од здружението „Зелена алтернатива“, кој со години се бори за декриминализација на канабисот и слободна употреба на маслото од канабис за медицински и рекреативни цели. Според него, овој закон има многу слабости, но сепак не се согласува со ставовите од комисиската расправа дека Македонија ќе стане Колумбија ако се дозволи извоз на канабис.
„Сакам да му порачам на пратеникот Влатко Ѓорчев да не глуми ангел со ореол и да се информира каде сè е дозволено луѓето дома да одгледуваат неколку стебла канабис за лична употреба. Дали Италија, Австрија и Чешка се Колумбија штом неодамна дозволија и ја либерализираа употребата на канабис преку политика на неказнивост граѓаните дома да одлегдуваат канабис?“, вели Достовски.

Прохибицијата во 20-тите години на минатиот век во Америка беше во подем токму поради забраните на алкохолот, вели Достовски, кој тврди дека црниот пазар уште повеќе ќе се зголеми доколку не се дозволи контролирана употреба на канабис.
„Мала е таа разлика за употреба во медицински и во рекреативни цели, за некого можеби маслото од канабис е лек за несоница и тоа не е рекреативна употреба, а да не зборуваме за оние тешки дијагнози каде што е потврдено дека маслото лекува. Законот во оваа форма малку или воопшто не ги штити интересите на граѓаните и зошто овие компании ќе имаат право да извезуваат, а за потребите на нашиот пазар и побарувањата има ембарго“, прашува Достовски.
Во интервјуто Достовски отворено зборува за пропустите во законот, за европските регулативи и апелира да се донесе закон што ќе биде од општ јавен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ.
Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски.
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“.
Македонија
До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

