Контакт

Црна хроника

Почна „Фаланга 2“, првообвинетиот тврди дека соработувал со МВР

Објавено пред

Од 1986 година до сега, од кога работам во Управата за заштита на културното наследство, немам посредувано во никаква трговија со предмети од нашето културно наследство, изјави првообвинетиот во судскиот процес „Фаланга 2“, Илчо Бојчевски кој бил раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство.

dobivaj vesti na viber

Тој пред судот тврдеше дека не зел ниту едно евро од ваква трговија, а потврда за тоа биле кредитите, долговите и блокадите што ги имал на неговата трансакциска сметка.

Според него, обвинението било составено само врз основа на исказ на сведок кој лажел и требало да биде цел на психопатологијата.

„Активно сум спречувал трговија на предмети од културното наследство да не завршат на пазарот на антиквитети“, рече Бојчевски.

Токму Бојчевски и второобвинетиот, Давид Шикуларац-Циле од Србија, којшто е во бегство, учествувале во разоткривање на криминалот во првата полициска акција „Фаланга“ заедно со поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.

Токму Циле кој бил проценувач на културното наследство во пензија, го информирал македонското МВР дека во Србија се продаваат предмети од културно наследство од Македонија.

„Трошоците за престојот на Циле во Македонија ги плаќаше МВР, а му беше ветена и награда за операцијата „Фаланга“ којашто никогаш не беше исплатена“, изјави Бојчевски.

Бојчевски се сомнева дека го налутил раководството на МВР со изјава што ја дал за емисијата КОД за кражбите на икони во Западна Македонија.

Во изјавата тој рекол дека е чудно и несфатливо како нашите безбедносни служби со сите средства и методи со коишто располагаат не можат да дојдат до податоци за извршените кражби на црквите кои се извршени на ист начин.

„Според мене, овде станува збор за две работи, не сакање или не знаење. Ако е првото тоа постои линк меѓу извршителите и полицијата. Ако е до не знаење, нека си одат и нека остават да работи некој што знае“, била дел од изјавата на Бојчевски.

Со оваа изјава предизвикал голем револт во редовите на МВР и добивал предупредувања. А нелегалното ископување во велешко и делчевско за кое се товари, Бојчевски вели дека било транспарентно и МВР учествувало во овие акција.

Во понеделник почна судскиот процес за „Фаланга 2“ во којшто им се суди на вкупно 17 обвинети меѓу кои и на поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Полицијата го сомничи Кузман дека заедно со уште тројца вработени во Управата во 2011 година незаконски издавале дозволи за ископување на локалитетите Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово и повикувале полициска асистенција да ги обезбедува археолошките локалитети и не плаќале, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1,2 милиони денари.

Токму на овие локалитети есеноска, концесионери со дозвола од државата копаа под ридот во близина на Катланово и бараа 220 тони злато, кое наводно фашистичките сили ги оставиле кога се повлекувале по поразот во Втората светска војна. Најпрвин се пребаруваше во делчевското село Бигла, а потоа кај Катланово.

Во полициската акција „Фаланга 2“ во мај беше разбиена криминална група која ископувала предмети со културна и археолошка вредност и ги продавала во Македонија и во странство.

Во групата учествувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес.

Криминалната група ископувала предмети од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. Во групата има и двајца Срби кои ги купувале вредните археолошки предмети и истите ги препродавале во западноевропските земји./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот  М.Н. од Велес откако  при контрола на ул. „Благој Ѓорев“  утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.

dobivaj vesti na viber

Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил  јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб

Објавено пред

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

dobivaj vesti na viber

– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возач на ауди прегази полицаец и избега

Објавено пред

Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.

dobivaj vesti na viber

Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија2 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет4 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија18 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија20 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија22 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија2 дена

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...