Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалите, злоупотребите и неспособноста на СДСМ по институциите секојдневно се откриваат
Лазе Евридики, наградениот началник на организиран криминал кој со службен шофер си ја развозуваше ќерката по грчките кампови, не бил единствениот што ги злоупотребувал полициските возила. Криминалите, злоупотребите и неспособноста на СДСМ по институциите секојдневно се откриваат, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Кај СДСМ владее страв дека преку делувањето на техничките министри и заменици министри ќе излезат на виделина сите манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев. Затоа СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите.
Вчера целата јавност виде дека разни соработници на Спасовски и Заев си ги користеле службените возила на МВР за приватни потреби. Апсурдот да биде поголем, расипништвото и алчноста за нешто што не е нивно јавно го демонстрираат и одбиваат да ги вратат.
На виделина излезе и дека Владата предводена од СДСМ за само два месеци вработила 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговорност за сторените криминали.
На виделина излезе дека и БДП по жител во Македонија е за шест пати помал од просекот на Европската Унија. Зоран Заев ветуваше просечен економски раст од 5%, но досегашниот раст во минативе три години достигна просек од ниски 2,3% и со тоа темпо ќе ни требаат најмалку 50 години за да го достигнеме просекот на ЕУ.
На виделина излезе дека има 11.514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Ова говори дека Владата и МТСП претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат. На виделина излезе дека од земјоделци се барале партиски книшки за да им бидат исплатени субвенции.
Криминал до криминал. Злоупотреба до злоупотреба. Опструкциите и ниските удари на оваа Влада нема да ја продолжат политичката кариера на Зоран Заев. Крајот е близу, граѓаните на 12-ти април ќе изберат обнова на Македонија“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и грижа. Намерата е искрена и исклучиво за помош и поддршка на оние кои изгубија најмногу – своите блиски, на оние кои се повредени и на сите кои имаат потреба од помош во овие тешки моменти“, велат од СДСМ.
Законот предвидува директна и конкретна поддршка:
• финансиски надомест за семејствата на загинатите,
• поддршка за повредените лица, вклучително и оние со трајни последици,
• поволности в образованието за деца кои се отустни од настава поради лекување,
• конкретни мерки во здравството, работните односи и социјалната заштита.
Со истиот закон се опфатени и семејствата погодени од претходни трагедии – во Тетово, Ласкарци и Беса Транс – со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.
Ова се издражни законски решенија. Не за политички поени туку за поддршка на оние на кои им е потребна. Секако не може да ја залечи преголемата болка, но е минимален израз на солидарност и сигнал дека државата стои зад своите граѓани во најтешките моменти.
СДСМ верува дека кога станува збор за солидарност и човечка грижа, не смее да има партиски разлики.
Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги преиспитаат своите ставови, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за овој закон кој ја потврдува најважната вредност – дека сме луѓе и дека може заедно да направиме нешто кога е најтешко.
Во СДСМ сме спремни да прифатиме и предлози од ВМРО-ДПМНЕ за модификација на законското решение, да постигнеме консензус и да биде заеднички предлог.
Повикуваме на разум, човечност и единство барем кога станува збор за оние што изгубија сè“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Андоновски: Владата започнува со реализација на уште едно изборно ветување – GOVTECH програми за решавање на проблеми на граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го отвори хакатонот „Кликни безбедно“ иницијатива која е во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација.
Андоновски во своето воведно обраќање на присутните им посака добредојде на првиот младински GOVTECH хакатон во Македонија.
„Со овој настан, но и со целиот проект сакаме да покажеме дека технологијата не е тука за да ги замени луѓето, туку за да ги поврзе – и да им даде алатки што ги штитат, ги едуцираат и ги охрабруваат“, започна Андоновски
Тој нагласи дека Министерството за дигиталнта трансформација, го исполнува ветувањето да создаде GOVTECH екосистем – со хакатони, мобилни апликации, онлајн решенија кои се од младите и за младите.
„Во време кога младите често се гледаат како ‘иднината’, јас во вас тука ја гледам сегашноста – креатори на решенија, не само корисници на услуги. Затоа што најдобрите дигитални алатки не доаѓаат од владини згради, туку од училишни клупи полни со идеи, од факултетите, од средните училишта“, дополни Министерот
„Токму затоа го создаваме MKSafeNet – мрежа за дигитална заштита на млади, и го започнуваме овој хакатон со вас, средношколци од сите страни на Македонија. Вие сте доказ дека дигиталната писменост, креативноста и одговорноста може да одат рака под рака“, заврши Андоновски
Овој настан ќе опфати ученици од средните училишта во Република Македонија со различни вештини во делот на дигиталниот свет како програмери, дизајнери, иноватори и ентузијасти собрани заедно во тимови кои во одреден временски период ќе работат со цел да развијат иновативни решенија на одредена тема или проблем.
Македонија
Утре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.