Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да обвинува, власта да одговори до кога ќе молчи за „Рекет“
СДСМ е во паника која се зголемува како што наближува 12-ти април. Зоран Заев гледа дека граѓаните ги отфрлаат неговите деструктивни и криминални политики. Зоран Заев знае дека го очекува огромен пораз и затоа се обидува преку уште една политичка злоупотреба на институциите да ја намали разликата. Не е прв пат Зоран Заев да дава наредби кон обвинителството и судот за политички прогон, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Русковска обвинителството и Кацарска судството може да измислат уште десетици процеси како 27-ми април или уште стотина пати да го амнестираат Заев за криминал, но тоа нема да ја спречи обновата на Македонија и правдата која доаѓа.
Наместо СДСМ да обвинува за се и сешто нека одговори на граѓаните на неколку прашања кои се актуелни деновиве околу аферите за рекет.
До кога мисли власта да молчи за аферата „Рекет“? Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра? Зошто Заев до излегувањето на материјалите за „Рекет“ во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор? Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари? Кога Јавното обвинителство ќе собере сила и храброст и ќе ја истражи аферата околу „Рекет 1“. „Рекет 2“, „Рекет 3“?
Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од Обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок. Јавна тајна е дека главен лик во овие афери е власта. По 12-ти април ќе дојде обнова на Македонија, а заедно со обновата ќе дојде и правдата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Наместо нови лица- стара банда, велат од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија, тврдат утрово од СДСМ преку соопштение до медиумите.
„Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“, стои во соопштенитео на СДСМ.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

