Македонија
(Видео) Арсовски: Нови случаи на непотизам во Штип
Непотизмот е појава во СДСМ која што уште повеќе се шири како се наближуваат изборите. Свесни дека ќе ги загубат изборите, функционерите на СДСМ дали на централно, дали на локално ниво си ги згрижуваат роднините во државната и јавната администрација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Денеска трет ден по ред, ќе објавиме нови случаеви во моментално најголемото дувло на непотизам, Штип. Денес ќе претставиме 3 нови случаеви на непотизам каде што главни носачи на епидемијата се директори на училиштата во Штип. Очигледно е во Штип има единствено простор за вработувања и унапредувања највеќе за директорите на училиштата односно за нивните роднини.
Прв случај, директорот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски си ја вработил сестра му во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Она што веќе и е познато на јавноста во Штип и на големо се зборува, а ќе се обелодени за неколку денови е тоа што истиот тој директор на средното училиште Дејан Доневски за неколку дена од сега ќе биде унапреден во просветен инспектор за цела Источна Македонија. Очигледно наменски ќе го добие она унапредување за да може да уценува просветни работници пред изборите.
Втор случај, директорот на средното училиште „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов ја вработил својата сопруга во основно училиште „Тошо Арсов“. Во истото училиште „Тошо Арсов“ беше вработена и сопругата на директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.
Трет случај, директорот на основното училиште „Ванчо Прке“, господинот Методи Папаров си ја вработил својата сопруга во ЈП Исар.
Четврт случај, директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, Трајче Димов си ја вработил ќерката во средното музичко училиште, а синот си го поставил за командир на Противпожарната единица во Штип. А, сопругата на синот, односно неговата снаа ја вработил во Хигиенскиот завод во Штип. Очигледно овој директор му е сериозна конкуренција на претседателот на Совет, Јане Миланов по бројот на вработување. Очигледно и кај него останале уште домашните миленичиња невработени.
Заев ветуваше јавно дека сите што ја искористиле својата положба и своето влијание за да вработат или унапредат свој близок во државната или јавната администрација ќе се погрижи да се повлечат од своите места. Додека младите ни се иселуваат, додека луѓе не можат да најдат работа, СДСМ продолжува да вработува цели фамилии на нивните функционери.
Уште еднаш апелираме до антикорупциската комисија, да се разгледаат и овие последни случаеви на непотизам и да се постапи согласно процедурите. Одговорност за се мора да има и ќе има. И тоа доколку не се случи сега кога е СДСМ на власт, ќе се случи веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ после изборите на 12-ти април“ истакна Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

