Спорт
Србија со првиот АТП куп, Надал лут: Фановите не разбираат тенис, мислат дека е фудбал
Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки ги совладаа фаворизираните Пабло Карењо Буста и Фелисијано Лопез со 6:3/6:4 за Србија да го освои АТП купот, натпреварувањето кое се оддржува првпат на стартот на австралиската тениска сезона.
Прво во сингл, Роберто Баутиста Агут лесно го победи Душан Лајовиќ, за потоа во мега-пресметката во сингл, Ѓоковиќ да биде подобар од светскиот број 1, Рафаел Надал за израмнување на 1:1. Надал реши да паузира во мечот во двојки, давајќи му шанса на Ѓоковиќ годината да ја стартува со титула.
Your inaugural #ATPCup champions, ?? #TeamSerbia!@DjokerNole/@troicki_viktor clinch the ? over Carreno Busta/Lopez 6-3 6-4 winning the tie 2-1.#SRBESP | #ForTheLoveOfCountry pic.twitter.com/lLCLG86bm4
— ATPCup (@ATPCup) January 12, 2020
По поразот, Надал не беше задоволен од прегласните српски навивачи кои направија атмосфера како во Дејвис купот. Откако загуби сервис во седмиот гем од сетот, тој се пожали на судијата на столче Мохамед Лахјани, а на навивачите им покажа кренат палец.
„Искрено, публиката беше фантастична во сите денови натпреварување, но понекогаш некои луѓе од некои земји не сфаќаат како функционира тенисот, мислат дека тоа е фудбал. Почитувањето мора да биде тука, а мал дел од публиката не се однесуваше така“, изјави Надал.
Nadal topa con la mejor versión de Djokovic en pista dura y Serbia iguala la final https://t.co/fJO8kNpJ2T vía @marca
— miguel carrasco (@miguelcarrasc22) January 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Далас загуби од Денвер и остана без Купер Флег
Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Денвер Нагетс (без Никола Јокиќ) со 109:118 и останаа без Купер Флег. Првиот пик на последниот драфт го повреди глуждот.
Џамал Мареј ги предводеше Нагетс против Далас со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Наџи Маршал со 24 поени постигна најмногу поени во тимот на Далас.
За Маверикс поголем проблем од поразот претставува повредата на Купер Флег. Тој го повреди глуждот на левата нога и остана во соблекувалната на полувремето, што е нов аларм за Маверикс, бидејќи поради повреди надвор од тимот се: Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг, Данте Ексум, Дерек Лајвли и Макс Кристи.
Cooper Flagg injury.
He was being taken to the hoop, landed on his left ankle weird, sprained it.
Prayers up 🙏 pic.twitter.com/UmbuTMnb7s
— SM Highlights (@SMHighlights1) January 15, 2026
„Тој згази на нечија нога. И минатиот натпревар го мачеше тој глужд, па решивме да го поштедиме“, рече тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Флаг е фаворит за дебитант на годината оваа сезона. Тој во просек постигнува околу 19 поени и 6 скока.
Спорт
Стартува 17-то ЕП во ракомет, Македонија утре го игра првиот натпревар
Вечерва започнува 17-то Европско првенство во ракомет, кое се игра во три земји, Данска, Норвешка и Шведска. На првенстото учествува и Македонија, која утре од 20.30 часот, ќе игра против Данска.
Првиот ден, на првенството нуди четири натпревари, во групите А и Ц.
Распоред на првиот ден од Европското првенство:
Група А: Шпанија – Србија (18:00)
Група Ц: Франција – Чешка (18:00)
Група А: Германија – Австрија (20:30)
Група Ц: Норвешка – Украина (18:00)
Групата А треба да биде една од најнеизвесните на овој турнир, а првиот натпревар ќе го играат Шпанија и Србија. Овие две репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство, двете селекции запишаа по една победа. Подоцна, Германија и Австрија играат во истата група.
Франција ја започнува одбраната на европската титула со натпревар против Чешка. Во овој меч Французите се апсолутни фаворити.
Истото може да се каже и за Норвешка, еден од трите домаќини, која игра против Украина во првиот натпревар.
Македонија, во Б групата покрај Данска за ривали ги има Португалија и Романија. По утрешниот меч со Данска, Македонија во недела ќе игра против Португалија, а на 20.јануари против Романија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Мароко по пенал рулетот во финалето на Африканскиот куп на нации
Фудбалерите на Мароко изборија пласман во финалето на Купот на африканските нации, откако ја победија Нигерија (4:2) по изведувањето на пенали. Мароко на тиутла во Африканскиот куп чека 50 години, а последен пат во финалето играше пред 22 години.
Иако овие две селекции постигнаа многу голови во текот на целиот турнир, особено Нигерија, во Рабат, одиграа „тврд“ натпревар. Важноста на дуелот го направи своето, па не е чудно што о 120 минути немаше голови.
И двете селекции пропуштија добри можности на самиот почеток. Прво, Брахим Диас од едната, а потоа и Адемола Лукман од другата страна.
Мароко, поддржан од поддршката од трибините, беше малку поагилен и се закани уште два пати преку Ашраф Хакими и Нусер Мазрауи, но немаше промена во резултатот.
Второто полувреме беше здодевно, а се издвоија само два обида на Абде Езалзули, но Стенли Нвабали ги одбрани двата удари.
Во продолжение каде што немаше шанси, па вториот финалист беше решен во пенал рулетот.
Ролеркостер од емоции доживеаа сите марокански навивачи, бидејќи Хамза Игамане, играч кој играше само една минута на турнирот пред полуфиналето, промаши пенал во втората серија.
Нигеријците не успеаја да ја зачуваат таа предност. Веднаш возврати Чуквезе, во четвртата Бпну на чудесен начин го одбрани пеналот на Ониемеачи, а Ен Несири потоа погоди за голема радост на трибините.
Мароко за титулата ќе се бори против Сенегал. Инаку и двете овие селекции досега само еднаш биле шампиони на Африка.
Foto/ EPA

