Контакт

Македонија

Цановски: Се сомневам дека поротничката самоволно дала оставка

Објавено пред

Оштетениот бизнисмен Фијат Цановски во случајот „ТНТ“, по денешното рочиште на кое судот констатираше дека судењето ќе почне од почеток, рече дека се сомнева оти поротничкта Лилјана Ивановска-Кочковска самоволно дала оставка, како што навела во поднесокот до судот.

dobivaj vesti na viber

„Пола час пред почетокот на судењето, поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно дала оставка, односно дека е поткупена од мафијата што владее во Македонија или од некои закани. Судењето ќе почне од почеток, но јас верувам во правосудниот систем, а со тоа овој процес ќе се заврши иако почнува од почеток. Кога велам мафијата, мислам на Груевски, Јанакиески, заедно со Тони Трајковски, кои го направија целото рушење. Јас сум убеден дека сè е под команда на Груевски од Будимпешта“, вели Цановски.

Бизнисменот Цановски смета дека мафијата се обидува повторно да завладее, а обвинетите се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, па како што рече „сваровски судството” повторно ќе завладее.

„Одбраната настојува да се пролонгира целото судење. Очекуваат дека на наредните избори ќе победат па повторно ќе завладее ‘сваровски судството’, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле. Јас верувам дека судот ќе ја сработи работата со почеток на судењето и побрзо ќе заврши целата постапка“, додава бизнисменот Цановски.

Во предметот „ТНТ“ обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба  Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Според обвинението на СЈО за случајот, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски.

Македонија

Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите

Објавено пред

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Премиерот потенцираше дека со линеарното зголемување на пензиите како Влада сакале да го подобрат животниот стандард на околу 330.000 пензионери, но како што рече Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери.

„Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право? Тогаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери. Некој друг има поинакви намери“, дециден е премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар

Објавено пред

Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар.

dobivaj vesti na viber

„Регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. ЕВН Хоме е снабдувачот која што има јавна набавка за цела година за следната 2026 година, а ЕСМ согласно политиките на владата ги достави вкупните количини кои што се бараат согласно јавната набавка. Иако претходно како Влада бевме критикувани и во самиот извештај од ЕУ и од дел од јавноста, дека еден од чекорите кои што е дел од Планот за раст, а тоа е чекорот во кој што се предвидува либерализација на пазарот на електрична енергија со која ќе се снабдуваат домаќинствата.

И ние јасно кажавме дека да, тој чекор нема да го примениме, бидејќи ако го примениме тогаш цената на електричната енергија нема да биде 62, 65 евра, туку ќе биде повеќе од 100 евра за домаќинствата. И тогаш вкупната цена за домаќинствата ќе поскапи за дури фантастични 50 проценти. Ние рековме дека тоа нема да го преземеме со целиот политички ризик кој што го имаме како Влада и ќе продолжиме и понатаму да ја субвенционираме цената на електричната енергија за домаќинствата и сите оние потрошувачи кои што се на регулираниот пазар. Која ќе биде крајната цена ја одредува регулаторот, дали таа ќе поскапи 3, 4, 5, дали ќе поевтини како што тоа е случај изминатиот период итн, одредува регулаторот, откако ќе ја добие цената со која што снабдувачот ќе ги снабдува домаќинствата, потоа трошоците кои што ги има дистрибутерот, трошоците кои што ги има пренос операторот и конечно трошоците за организирање на пазарот на електрична енергија. Сите овие калкулации кога ќе бидат направени, тогаш регулаторот ќе ја одреди конечната цена која што ќе ја плаќаат граѓаните.

Инаку АД ЕСМ поднесе цена која што ќе биде 65 евра за мегават час, односно 3 евра по мегават час повеќе од тоа што беше во минатото. Ако во минатото беше 62, сега е за отприлика 4 проценти повеќе односно 65 евра мегават час. Но никако не е над 100 евра колку што е пазарната. Разликата, Владата продолжува да ја субвенционира, за да нема ценовен шок за домаќинствата и сите оние кои што се на пазарот кој што е регулиран“, посочи премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Национален интерес е државата да реагира брзо и професионално на хибридните и на информациските закани

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на конференција посветена на хибридните и информациските закани, нагласувајќи дека темата претставува еден од најкритичните безбедносни предизвици на современото време.

dobivaj vesti na viber

Во говорот, Мицкоски истакна дека овие закани „не се гледаат, но се чувствуваат“, дека „не експлодираат, но можат да разорат“, и дека нивната цел е нарушување на довербата, слабеење на демократијата и поткопување на државниот систем.

Тој посочи дека дезинформациските кампањи веќе не се само медиумски проблем, туку безбедносен предизвик со стратешки последици, оценувајќи ја конференцијата како „аларм и потреба за системско будење“.

Мицкоски наведе дека постои напредок во институциите, но оти е потребно повеќе – повеќе обуки, развивање институционална меморија, ресурси и одржливи, а не привремени одговори.

„Нашиот национален интерес е јасен — да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално“, рече тој.

Премиерот најави дека Владата ќе воведе задолжителни процедури, методологии, бази на податоци и стандарди за да се избегнат „празнини“ во системот, како и континуирани обуки за службениците во сите институции, медиумска писменост и програми за дигитална безбедност за младите.

Мицкоски додаде дека Владата ќе отвори платформа за редовна соработка со истражувачки центри, универзитети, медиумски здруженија, граѓански организации и приватниот сектор, нагласувајќи дека проблемот е „премногу голем за да го носи само една институција“.

„Македонија ќе гради систем, не импровизација“, порача тој, додавајќи дека целта е рано препознавање на заканите, брза реакција на институциите, професионално постапување на службениците и граѓани кои ќе препознаваат манипулации.

Мицкоски заклучи дека хибридните и информациските закани ја напаѓаат довербата меѓу граѓаните, што ја прави државата ранлива, и дека задачата на институциите е да ја изградат таа доверба и да формираат силен и отпорен систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мицкоски: Имам информации дека судија известител ставил потпис на извештајот со кој се укинува линеарното покачување на пензиите

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната...

Топ1 час

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ3 часа

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија4 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија4 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет6 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија6 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет7 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет7 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет17 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија21 час

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија24 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија1 ден

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...