Македонија
(Видео) Адвокатот на Трајковски бара пак да се сослушуваат сведоците во „ТНТ“
Адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува ексградоначалникот Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ за незаконското рушење на објектот „Космос“, смета дека оставката од поротничката Лилјана Ивановска-Кочкоска значи дека надвладеале правдата и разумот. Тој го поздрави гестот на поротничката.
„И вие, новинарите, ги видовте сите сценарија кои судот сакаше да ги наметне, дека се прави притисок врз поротничката, дека има закани, дека има сè. Го поздравувам гестот на поротничката која поднесе оставка поради размислувањето дека ѝ е истечен мандатот, со тоа победи правдата во Македонија“, порача Страшевски.
Тој смета дека е подобро да се изведат повторно сите докази, да се ислушаат сите сведоци, бидејќи тој не знаел ништо од нив.
„Има два начина, да се изведат повторно доказите и да се читаат. Според мене, подобро е повторно да се изведат, но ако сите се согласат за поинаку, и јас би се согласил. Само два часа правев увид во постапката и не знам ништо од доказите. Постапката нема да се забави. Нема да правам опструкции во постапката, затоа што во интерес ни е да ги докажеме правдата и вистината“, порача Страшевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

