Свет
(Видео) Кремљ објави снимка на која Буш и Путин танцуваат во Сочи
Кремљ објави видео со кое одбележува 20 години од доаѓањето на власт на претседателот Владимир Путин. Снимката е создадена во 2008 година и ги прикажува Путин и поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш како танцуваат на традиционална музика во Сочи.
Буш го посети Сочи, откако ги поттикнуваше Грузија и Украина да влезат во НАТО-пактот на самитот на западниот блок во 2008 година.
Кога двајцата првпат се запознаа во 2001 година, Буш рече дека може да ја разбере душата на Путин. Путин потоа го посети Буш на неговиот имот во Тексас.
Во Сочи, двајцата за последен пат се состанаа како претседатели, бидејќи Путин стана премиер еден месец подоцна, а Буш го наследи Барак Обама следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дачиќ му пееше на Ердоган на турски
На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Panta najvio na KZN da će Koferče pevati bratu Erdoganu "Osman aga"…i Koferče pev'o 💪💪💪 pic.twitter.com/NDd4g2TDOw
— Danijela Rankovic (@DanijelaRankov4) October 12, 2024
Дачиќ го зграпчи микрофонот и ја отпеа песната Осман Ага (на турски), истата што му ја отпеа на Ердоган за време на неговата посета на Белград во 2017 година.
На видеото се гледа масата на која седат Ердоган, неговата сопруга Емине и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ердоган дојде во Белград во четвртокот, откако претходно беше во Тирана. Вучиќ изјави дека Турција е еден од најважните инвеститори во Србија и оти посетата на Ердоган им значи многу.
Свет
Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја обвини Северна Кореја дека испраќа војници во руската армија за да ја нападне Украина.
„Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и режими како Северна Кореја. Повеќе не се работи само за трансфер на оружје. Се работи за испраќање луѓе од Северна Кореја во окупаторските вооружени сили“, рече тој.
Свет
САД му испраќаат на Израел голема помош: „Го правиме тоа за да го одбраниме“
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американски војници да управуваат со него, во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетниот напад од Иран.
Американскиот претседател, Џо Бајден рече дека го испраќа системот за да го одбрани Израел.
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на системот за одбрана ќе го зајакне интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.
„Ова е дел од поширокото прилагодување на американската војска во последните месеци за поддршка на одбраната на Израел и заштита на Американците од нападите на Иран и проиранските милиции“, рече Рајдер.
Претходно во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги предупреди Соединетите држави дека ги загрозуваат животите на нивните војници со тоа што „ги испраќа да управуваат со американските противракетни системи во Израел“.
„Иако направивме неверојатни напори во изминатите неколку дена за да спречиме војна од целосен обем во нашиот регион, јасно ќе кажам дека немаме црвени линии во одбрана на нашиот народ и интереси“, објави Аракчи на „Икс“.
Иран истрела проектили и беспилотни летала кон Израел во април. На 1 октомври повеќе од 180 балистички ракети беа истрелани кон Израел поради ескалацијата на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. Многумина беа пресретнати, но некои ја пробија одбраната.