Свет
Турција ја укинува забраната за „Википедија“
Забраната за „Википедија“ на Турција треба да се укине денес по пресудата на Уставниот суд според која блокирањето на енциклопедијата на интернет во Турција повеќе од две години е повреда на слободата на изразување.
Пресудата на Уставниот суд објавена во службен весник го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година поради написите во „Википедија“, во кои Турција се обвинува за поврзаност со терористички организации.
Пристапот до страниците на Википедија треба да се одобри откако пресудата, донесена со десет спрема шест гласови на уставните судии, ќе биде официјално проследувана до агенцијата за телекомуникациски надзор.
Укинувањето на забраната во Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитна организација која ги одржува страниците на онлајн енциклопедијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дачиќ му пееше на Ердоган на турски
На интернет стана вирално видео од Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи на Србија, како пее за време на ручек во Палатата Србија, на кој присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Panta najvio na KZN da će Koferče pevati bratu Erdoganu "Osman aga"…i Koferče pev'o 💪💪💪 pic.twitter.com/NDd4g2TDOw
— Danijela Rankovic (@DanijelaRankov4) October 12, 2024
Дачиќ го зграпчи микрофонот и ја отпеа песната Осман Ага (на турски), истата што му ја отпеа на Ердоган за време на неговата посета на Белград во 2017 година. На видеото се гледа масата на која седат Ердоган, неговата сопруга Емине и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ердоган дојде во Белград во четвртокот, откако претходно беше во Тирана. Вучиќ изјави дека Турција е еден од најважните инвеститори во Србија и оти посетата на Ердоган им значи многу.
Свет
Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја обвини Северна Кореја дека испраќа војници во руската армија за да ја нападне Украина.
„Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и режими како Северна Кореја. Повеќе не се работи само за трансфер на оружје. Се работи за испраќање луѓе од Северна Кореја во окупаторските вооружени сили“, рече тој.
Свет
САД му испраќаат на Израел голема помош: „Го правиме тоа за да го одбраниме“
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американски војници да управуваат со него, во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетниот напад од Иран.
Американскиот претседател, Џо Бајден рече дека го испраќа системот за да го одбрани Израел.
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на системот за одбрана ќе го зајакне интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.
„Ова е дел од поширокото прилагодување на американската војска во последните месеци за поддршка на одбраната на Израел и заштита на Американците од нападите на Иран и проиранските милиции“, рече Рајдер.
Претходно во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги предупреди Соединетите држави дека ги загрозуваат животите на нивните војници со тоа што „ги испраќа да управуваат со американските противракетни системи во Израел“.
„Иако направивме неверојатни напори во изминатите неколку дена за да спречиме војна од целосен обем во нашиот регион, јасно ќе кажам дека немаме црвени линии во одбрана на нашиот народ и интереси“, објави Аракчи на „Икс“.
Иран истрела проектили и беспилотни летала кон Израел во април. На 1 октомври повеќе од 180 балистички ракети беа истрелани кон Израел поради ескалацијата на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. Многумина беа пресретнати, но некои ја пробија одбраната.