Црна хроника
Сообраќајка кај Крива Паланка, повредени неколку лица, меѓу кои и малолетник

Доцна синоќа во 2 часот по полноќ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода, при што со повреди завршиле неколку лица.
Несреќата се случила помеѓу патничко возило „форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка, информираат од полицијата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се обиделе да вадат бакар со оган, па завршија со лисици на рацете

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против две лица кои предизвикале пожар на градската депонија. Станува збор за 38-годишниот Е.В. од Прилеп, со привремен престој во Струга, и 61-годишниот Ф.Н. од Струга, кои се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2025 година двајцата биле затекнати на депонијата во Струга додека ваделе бакарни жици од разни предмети. За да дојдат до металот, тие ги запалиле предметите, при што избувнал пожар.
Навремена реакција имало од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, чии екипи успеале да го изгаснат огнот и да спречат негово ширење. По интервенцијата, Е.В. и Ф.Н. биле лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Двајца приведени, еден во бегство по упад во маркет во Чаир

Двајца млади разбојници утринава завршија во полициски раце откако се обиделе насилно да ограбат маркет на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир.
„Околу 04:50 часот беше пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагираа екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар“, соопшти МВР.
Кога ги забележале полицајците, напаѓачите се дале во бегство, по што еден полициски службеник бил принуден да испука предупредувачки истрел во воздух за да ги запре.
„Со брза акција на полицијата, од слобода беа лишени лицата А.Х. (23) и Е.А. (19), додека едно лице е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
По целосно расчистување на случајот, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Црна хроника
„Нисан“ удрен од товарно возило кое избегало од местото на несреќата

Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово.
Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање на возачот на товарното моторно возило, кој засега останува непознат.
Од СВР Куманово апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и доколку имаат информации за возилото или возачот да се јават веднаш на локалните полициски служби.