Свет
Египет ја обнови историската синагога во Александрија, но останаа малку Евреи

Египет во петокот повторно ја отвори историската синагога во медитеранскиот крајбрежен град Александрија по долгогодишно реставрирање финансирано од владата, но само мал број Евреи се останати од некогаш успешна заедница во Египет, повеќето од нив постари.
Евреите во голема мера заминаа од Египет пред повеќе од 60 години, во екот на непријателствата меѓу Египет и Израел.
Двокатната синагога „Елијаху Ханав“ и во Александрија делумно се сруши во 2016 година. Официјални лица за антиквитети соопштија дека реновирањето, што започна следната година, спречи целосно да се исгуби објектот.
Местото има долга историја. Претходна синагога датира од 1354 година и била изградена на истата локација, а сегашната зграда датира од околу 1881 година, кога еврејската заедница била голема и влијателна.
„Горд сум на она што го направи мојата земја и тоа симболизира заедничко живеење. Денес не постои разлика помеѓу египетскиот муслиман, христијанин и Евреин“, рече Магда Харун, лидер на еврејската заедница во Каиро, на церемонијата за повторното отворање.
Синагогата „Елијаху Ханави“ е една од двете преостанати синагоги во Александрија. Во 1940-тите години само во градот живееле околу 40,000 Евреи, половина од еврејското население во земјата, според официјалната страница на покраината Александрија.
Современиот егзодус на еврејската заедница од Египет почна во 1948 година, по создавањето на државата Израел. Повеќе Евреи заминаа за Израел и на Запад по војната во Суец во 1956 година, кога Израел, Франција и Велика Британија почнаа воена офанзива против Египет.
Среде војната, непријателството кон Евреитево Египет се зголеми и тие беа сметани за соучесници во постапките на Израел.
Египет беше првата арапска земја што постигна мир со Израел во 1979 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“