Спорт
Кире Лазаров ја заврши групната фаза како четврти стрелец

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров со полни 39 години ја заврши групната фаза на ЕП во ракомет во Топ 5 листата на најдобрите стрелци. Лазаров на трите средби што Македонија ги одигра против Украина, Чешка и Австрија постигна 22 гола.
Сепак, далеку пред него се младите предводници на Австрија, односно Норвешка – Никола Билик и Сандер Сагосен.
Австрискиот лев бек на трите средби од групната фаза постигна 28 гола, а Сагосен се најде на втората позиција со погодок помалку.
Третата позиција му припадна на Швајцарецот Енди Шмит кој прецизно биеше 27-пати.
Четврти на листата со најдобри стрелци се најде Лазаров со 22 гола, исто колку што постигна и Холанѓанецот, Кеј Смит.
Интересен е податокот дека Австрија има дури тројца стрелци во најдобрите десетмина досега, иако јасно е дека листата ќе содржи промени.
Еве како изгледа Топ 10 листата:
28 – Никола Билик (Австрија)
27 – Сандер Сагосен (Норвешка)
27 – Енди Шмид (Швајцарија)
22 – Кирил Лазаров (Македонија)
22 – Кеј Смит (Холандија)
21 – Даинис Криштопанс (Летонија)
19 – Јанко Божовиќ (Австрија)
19 – Арцем Каралек (Белорусија)
18 – Никола Прце (БиХ)
18 – Роберт Вебер (Австрија)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еспањол има нови газди

Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици.
Од четврток, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија „Velocity Sports Partners (VSP)“, која пак е дел од поголемата група „ALK Capital“, во сопственост на Американецот Алан Пејс.
VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според шпанските медиуми.
Претходниот сопственик на клубот, кинеската компанија „RASTAR“, ќе остане дел од управувачката структура, во иднина со малцински удел – поточно со процент од 16,45% (по купувањето на дел од акциите по цена од 65 милиони).
Компанијата VSP го поседува и англискиот премиерлигаш Барнли во своето портфолио.
Во соопштението се вели дека VSP е „подготвен да ја заработи довербата и поддршката на заедницата преку конкретни акции, одразувајќи ги вредностите на транспарентност и долгорочна посветеност што ја водеа неговата работа и во Барнли“.
Спорт
(Видео) Асамоа во критична состојба, го скрши вратот удирајќи во реклама

Самуел Асамоа, 31-годишен играч од средниот ред на Того, е во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по сериозен судир со билборд за време на натпревар од втората кинеска лига.
Асамоа играше за Гуангси Пинггуо против Чонгкинг Тонглијанглонг, а по дуелот со противничкиот играч, со главата удрил во билборд до теренот и паднал на тревата.
Лекарите реагирале брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни фрактури на вратот и сериозно оштетување на нервниот систем.
Асамоа бил опериран и ќе го пропушти остатокот од сезоната, но неговата кариера е во сериозна опасност. Ова е затоа што параплегијата значи губење на способноста за движење на долните делови од телото.
Chongqing Tongliang Dragon defeated Guangxi Pingguo Haliao 2:0 to regain momentum. The referee, however, seemed to turn a blind eye to their rough challenges. As per Guangxi's medical report, Samuel Asamoah has injured spinal cord. His future career – even life, is at risk. pic.twitter.com/dfV5CvYO75
— China Sports Vision 2050 (@CSV2050) October 6, 2025
Асамоа одигра шест натпревари за репрезентацијата на Того. Поголемиот дел од својата кариера го помина во Белгија, а во 2021 година се пресели во Романија. Од минатата година е во Кина.
Спорт
Белгискиот чудотворец ќе го преземе Монако

Белгиецот Себастијан Поконоли (38) сигурно ќе биде новиот тренер на Монако.
Француските и белгиските медиуми пишуваат дека Монако веќе презел конкретни чекори за да ја започне сезоната со ново име на клупата по репрезентативната пауза.
Сегашниот тренер Ади Хитер сè уште го води тимот, но, како што се наведува, само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Во клубот од Монте Карло не се најзадоволни од начинот на кој оди сезоната, иако резултатите не се толку лоши за да се преземе таков радикален чекор.
Монако е петти на табелата во Лига 1, само три бода помалку од лидерот ПСЖ, но одредени неуспеси и два убедливи порази го наведоа раководството да размислува за смена на тренерската позиција.
Монегаските „Монегас“ беа поразени со 4:1 од Бриж на почетокот од Лигата на шампионите, 3:1 од Лориен во првенството, а последната капка беше нерешено со Ница (2:2) во последното коло во натпревар во кој Монако имаше играч повеќе еден час.
Белгиските медиуми во четвртокот напишаа дека Поконоли веќе може да се смета за нов тренер на Монако, клубот веќе пронајде замена за него (Рик де Мил од Шарлроа), освен тоа, тој дури и не го водеше последниот тренинг на тимот.
Неговиот помошник Кевин Миралас, кој е специјализиран за работа со напаѓачи, ќе пристигне во Монако „во пакет“ со него.
За потсетување, Унион Сен-Жило сензационално ја освои титулата минатата сезона, откако победи на девет од десет натпревари од плејофот во Белгија.
Претходно, регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место.
За историскиот успех на клубот и првата титула по 90 години, најголемата заслуга му припаѓа на Поконоли, чија последна сезона беше прва независна во неговата тренерска кариера.