Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи се оние што го оставија Заводот во Демир Капија да пропаѓа

Единствено, поради негрижата од единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и комплетното игнорирање на оваа категорија лица, во изминативе две и пол години силно го интензивиравме процесот на деинституционализација. Од вкупно 482 корисници, кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјата, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување повеќе од 44 отсто, соопшти СДСМ.
„Техничката министерка Мизрахи самата потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија го остави Специјалниот завод ‘Демир Капија’ велејќи: „На почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 негувател. Тоа значи еден негувател секој ден се грижел за 6 корисници“. За да ѝ биде на јавноста појасно, со деинституционализацијата фокусот го ставивме на децата под 18-годишна возраст.
На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денес нема ниедно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната. Кога на почетокот на мандатот тогашната министерка Царовска најави дека во земјата нема да има деца во институциите до крајот на 2020 година, многумина велеа дека тоа е невозможна мисија. Невозможната мисија ја остваривме една година пред рокот! Конкретно, за Специјалниот завод „Демир Капија“, денеска во Заводот се сместени 189 лица за кои се грижат 40 негуватели. Денес еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот.
21 поранешен корисник на Специјалниот завод „Демир Капија“ се сместени во пет групни дома, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица. Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – еден негувател на еден корисник. Заради создавање похумани услови за корисниците за периодот додека не се преместат да живеат во локалните заедници, во ноември минатата година почнавме реконструкција, односно санација на сите објекти каде што моментно има сместени корисници, и тоа во вредност од 10,5 милиони денари. Тоа е она што го остави зад себе како владеење ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри, кои сега се околу новата техничка министерка како едни од главните советници.
„Дали тие ќе ја советуваат техничката министерка повторно да биде заборавен и уназаден системот на социјлана заштита доколку ВМРО-ДПМНЕ некогаш дојде на власт“, се вели во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.