Вести
Кина не им дозволува на британските парламентарци да го посетат Хонгконг

На британските пратеници нема да им биде дозволено да го посетат Хонгконг во рамките на истражувањата на односите на Лондон со оваа поранешна британска колонија и за развој на демократијата таму откако беше вратена во матицата Кина, објави во понеделникот претседателот на комисијата на парламентот на Велика Британија.
На британските пратеници нема да им биде дозволено да го посетат Хонгконг во рамките на истражувањата на односите на Лондон со оваа поранешна британска колонија и за развој на демократијата таму откако беше вратена во матицата Кина, објави во понеделникот претседателот на комисијата на парламентот на Велика Британија.
„Кинеската амбасада ме извести дека, доколку сакаме да отпатуваме во Хонгконг, влезот ќе ни биде забранет. Ние ја претставуваме комисијата од избрани членови на парламентот на една демократска земја којашто сака да ја разгледа британската дипломатска активност во Хонгконг. Кинеската влада реагира на непријателски начин, попречувајќи ни го извршувањето на работата“, изјави претседателот на британската парламентарна комисија Ричард Отавеј, пренесе BBC.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, изјави за Reuters дека имајќи предвид на тоа дека Пекинг е одговорен за надворешните прашања на Хонгконг, има право и да одлучува за тоа кому ќе му го дозволи пристапот во тој регион.
„Кина многупати на Британците им даде до знаење дека решително е против тоа таканаречените британски парламентарни комисии го посетуваат Хонгконг во рамките на таканаречената истрага, и исто така од нив бараше да ја откажат посетата“, истакна Хуа.
Во Хонгконг од пред два месеца започнаа протестите на студентите кои бараат повеќе демократија и самостојност на Хонгконг кој во 1995 година беше вратен во рамките на матичната земја. Откако протестите не добија поширока поддршка кај локалното население, тие постепено губеа на интензитет, но сепак одреден и групи и натаму се обидуваат да протестираат, иако изминатиот викенд градските власти ги отстранија блокадите и кампот на демонстрантите во центарот на градот. Западните аналитичари, пак, сметаат дека овие протести претставуваат најголемиот предизвик за комунистичките власти во Пекинг, по задушувањето на студентските протести на плоштадот Тјананмен во 1989 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.