Црна хроника
Обвинение за жител на Студеничани кој извршил кражба во автомобил
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 47-годишен жител на Студеничани за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
На 14 септември 2019 година на булеварот АСНОМ во Скопје обвинетиот го скршил задното десно стакло од паркиран автомобил „бе-ем-ве“ Х6 и одзел туѓи подвижни предмети: чанта вредна 3.000 денари, лаптоп во вредност од 30.000 денари, ваучер од 2.000 денари, нотес и лични документи.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено затоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за исто кривично дело и против кое се водат и други постапки за дела од имотен карактер на подрачјето на градот Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

